Search This Blog

Wednesday, June 16, 2010

Полнети Тиквички

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/9Large.jpg?t=1276711087
Полнети Тиквички
По Ѓувечот и Гравчето Тавче, денеска спремив слично јадење на Ѓувечот – Полнети Тиквички. На пазарче пред некој ден наидов на прекрасни и ефтини млади тиквички. Женами од нив правеше прекрасни јадења. Купив три парчиња, беа само по десет денари парче. Денеска повторно дојде ред јас да готвам, бев во теснец со време а и компјутерот го оправав, реинсталирав и немав интернет за да прашам пријател/ка за рецепта за полнети тиквички. Уште кога ги купував тиквичките планирав од две од нив да направам Полнети Тиквички а едната да ја пржам во презла во кругчиња т.е. рендани па пржени како ќофтиња.                 Повеќе »..... moor ».....
https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEjMjc738cz9hCznE8P8Jvnw0LI4stJzyiEm9aDZAoxWoDtDHlt7WxSDuhZ1eALR6KbQwGT8GKeCNZtD1PqgOBsRayfA6jM7JesbJypE58jGpiaP__c9O91S6-Fkpxr0oBzesnsa4w/s400/%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B2%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8+%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BD%D0%B8+%D0%B7%D0%B0+%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B5.jpg
Погледнав во фрижидерот што имам за мастраф за полнети тиквички. Земав 250 грама ориз и кратко го варев. Кога омекна по десетина минути варење го процедив и го оладив со ладна вода. Во тава со малку маргарин и зејтин ставив сецкани две главици од прекрасниот кромид кој го има деновиве. Во кромидот при пржењето додадов две зелени сецкани пиперки. Додадов и два рендани моркова (рендани на крупно ренде). Додадов малку магдонос и две чешњиња лук предходно исецкан. Додадов зачини, тоа што имав, вегета, бибер, малку сецкан магдонос, малку оригано. Претходно исецкав малку печурки и ги додадов во прженото. Го споив сето тоа со оризот и го пропржив уште малку додавајки зејтин по потреба. Два компира ги исецкав на кругови малку покрупно сецкани па ги расеков на по две поголемите парчиња. Посебно ги пропржив во маслац и зејтин, додавајки вегета. Ги пржев само да се зацрвенат.
Земјена тава ја намачкав со маргарин за готвење од долната страна. Не е по Хасап но е долга Македонска традиција, мислам на приготвување на храна во земјени посуди. Во тавата најдолу ги ставив компирите сосе зејтинот и маслацот каде што се пржеа. Тиквичките ги сецкав по должина колку што ми беше високо тавчето. Со лажица ја вадев средината и празното место го полнев со мастрафот. На крај тиквичките со мастрафот ги затворив со малку свеж патлиџан. Сето го наредив во тавчето. Остатоткот од мастрафот го ставив во тавата околу тиквичките. Долеав вода до нивото на тиквичките и сето тоа го ставив во топла релна на 250 степени. Будејки доставив скоро литар вода сето се крчкаше во шпоретот скора саат време. На крај кога веќе видов дека нема вода во горниот дел од тавчето а горниот слој се зацрвени, ја исклучив релната и чекав да се допече во стоплената релна.
Ручек на МК трпеза не оди ако нема салата. А фала му на бога за овој прекрасен зеленчук, бидејки на салатите припреми од него може да ни завиди цел свет. Домат, Краставица, Пиперка, Кромид и ронки на Мешано сирење со малку зејтин е тајната на познатата Македонска шопска салата …
На горната салата може да ни завиди цела ЕУ па и светот. Од прекрасни зарзавати растени на МК сонце се добива прекрасниот вкус на оваа МК шопска салата.
Еве линкови до слични рецепти за полнети тиквички:
  1. Полнети тиквички
  2. Полнети тиквички
  3. Тиквички полнети со месо
  4. Полнети Тиквици
  5. Тиквички полнети

No comments:

Blog Archive

Site Meter