Spank Me !!!! – Државата го е*е, цица и тепа ѓанинот … граѓанинот ја ведне главата (демек наведната глава не ја сечела сабјата…) и вика удриииииииии, уштееееееееееее !!!!
Граѓанинот во односот со државата се однесува како во познатите секси игри каде партнерот те тепа а ти викаш со уживање удриииииииии, уштееееееееееее !!!!
И предходната власт го е*еше, цицаше и тепаше граѓанинот, ама преродбениците го доусовршија методот. Се` е во име на народот, за Македонија се работи. Да не заборавиме сите пресуди на омразените комунисти од кои преродбениците учат и копираат почнуваа и завршуваа со “Во име на народот“ …
Нема вработување, нема стандард, нема остварувања во економијата – ама затоа има казни и глоби со екстремно високи износи. Несмееш ни на улица да излезеш секаде те чека државата за да те глоби ако те фати. Појдеш во сообраќај – глоба и само ако лошо си погледнал некого. Појдеш на заработиш нешто, мора прво да платиш за да влезеш во орото а богами трипати повеќе да платиш за да излезеш од него. За отварање на фирма мора да платиш некои 20.000 денари. Но за да излезеш од орото и е*бачината – слушам осем адвокатските трошоци за затварање на фирма дваесетина иљадарчиња, на судот авансно плаќаш како што разбрав 25.000 денари. Нема лесно излегување од орото. Па кого тогаш државата ке е*е, цица и тепа. Додека си во орото (е*бачината) те начекуваат на ситни и крупни глоби.
Има ли решение. Паметните се иселуваат. Си велам можеби тоа на оваа и предходната власт особено на нивните албански коалициони партнери им е главната цел да ги снема сите оние кои се осмелуваат да се противат на власта и самостојно да мислат. Сегашново чистење од етничко се претвори во граѓанско чистење. Власта и партиите го делат народот на наши и нивни … на патриоти и предавници … Колкупати сме слушнале ако не ти чини оди си !!!! Селата одавна опустошеа – затворени се и по неколку стотици куќи по селата, некаде нема ни едно огниште. Веројатно и таму (во јабана) државата ги е*бе и тепа, ама барем кога ке почнат да работат имаат пари да ги платат изживувањата на тамошните власти.
Тука се е*е, цица и тепа сиромаштијата и средниот слој кој го снема. Овие другите се заштитени ко мечки – закон (кој сами си го кројат по нивна мерка) полиција и војска ги чува и брани. Мафија која си има своја држава. Го убиваа народот, им ги палеа куќите и имотот, ги киднапираа и силуваа, скрнавеа верски објекти во војната во 2001-ва, но сега се во власта и отаму повторно ја тераат агендата. Мурто и Курто се во договор и изнајдуваат нови решенија (наречени реформи…) како поуспешно и подолбо да го е*ат, цицат и тепат граѓанинот. А тој нели се ведне и со уживање вика удриииииииии, уштееееееееееее !!!!
На крај мора да дојде шумарот.
No comments:
Post a Comment