Денеска пак дојде ред јас да направам ручек. Вообичаено синот го правеше досега тавче гравчето но сега се извади и редот падна на мене. Повеќе ».....
Гравот го оставив да кисне цела ноќ, првата вида ја истурив. Го варев гравот посебно. Како за првпат требаше уште малку да го сварам гравот, морав да го пробам дали е доволно варен. Всушност се зависи од квалитетот на гравот. Нокој сака помалку некој повеќе варење. Посебно во тавче со малку маргарин и зејтин додадов здробив кромид, пиперка, морков и црвен патлиџан и го пржев додека да зарумени. Додадов зачини: вегета, црвена пиперка лута и блага, малку нане, ловоров лист, оригано, мелен црн пипер, сол по вкус ... Уште малку пржев додека да се соедини смесата. Тавчето го премачкав со маргарин и ставив малку зејтин. Го истурив прженото во тавчето, го истурив варениот грав, и најгоре повторно доставив малку од пропржен кромид и рендан морков ... Го ставив во загреана релна на 250 степени. Се печеше 40 сетина минути. Згрешив што додадов малку вода - испадна малку почорбасто.

Имаше и салата Македонска шопска салата ... Домат, Краставица, Пиперка, Кромид и ронки на Мешано сирење со малку зејтин е тајната на познатата Македонска шопска салата …
Ова е омилен додаток кој женами секојпат го правеше кога готвеше гравче. На недоварен грав му додаваше сецкан крац, кромит и толчена црвена пиперка. Ех, не успеав да видам како точно го прави но со проби ке пробам да дојдам до вкусот. Инаку ова беше секојпат на мени за домашната бадниковата вечера.
Еве неколку рецепти од нет:
Еве неколку рецепти од нет:
- Тавче-гравче
- Гравче Тавче
- Тавче гравче – Рецепт
- Тавче гравче
- Tavche Gravche
- Тавче гравче
- Тавче гравче
- Домашна кујна “Тавче гравче” кај мајстор Стеве
No comments:
Post a Comment