

СДСМ да не е покус кани на голем митинг на 27 Јуни – пред Владата на РМ – мотото им е „Ние сме за победничка Македонија“.
СДСМ во зениотот на своето владеење не убедување дека е темелник на државноста на Македонија а позади тоа спроведе закон за деноционализација со кој го легализира грабежот на фабричкиот и општествениот имот. ВмроДпмне одсекојпат себе си се представуваат за најпатриотска партија „За татковината се работи“ – позадината им е тендерски грабеж и партизација на државниот апарат. Едно време донесоа закон партиите да имаат право на бизнис и профит. За себе ја присвојиа патриотската историјата на Македонија и сакаат да владеат наредните 100 години, демек само они можат само они знаат. За нив се поважни мртвите од живите Македонци.
Вистината во моментот е дека народот над 50 проценти не верува во ниедна сегашна партија ниту лидер. Во моментот се владее со 25 процентна подршка, а довербата во најсилниот лидер е само со 21 процентна подршка. Но и покрај тоа законот им дава легална можност за се – можат ако сакаат дури и уставот да го менуваат, законите се подразбираат.
Е сега лекот каде е? Во демократизацијата на големите партии, одтаму треба да се почне. Крајно време е да се престане со султанството во партиите.
No comments:
Post a Comment