Search This Blog

Tuesday, June 29, 2010

МОТИВ - ација ... Motivation

http://www.jpprufino.com/wp-content/uploads/2008/02/motivation.gif
Немам мотив и предизвик. Ми фали нов мотив и предизвик. Мотивите се поттикнувачки сили кои предизвикуваат разновидна човекова активност, односно ја поттикнуваат и управуваат со неа.Често поради отсатност на мотив спортистите и особено маратноците знаат да се откажат од трката пред крај. Ги пратам општествените и политичките движења кај нас. Јасно ми е дека уште многу долго тука нема да бидат решени прашањата кои на граѓанинот ке му отвараат можности. Од друга страна ми се случија неколку трагедии во приватниот животот во кратко време. Сега сум во ситуација кога немам мотив/ација и незнам која света да ја фатам.



По запад и по слободниот свет, граѓанин во ваква ситуација како мојата продават се, седнуваат во кола со дел од спомените и тргнуваат во нов правец и место со иљадници километри за да одпочнат од поново. Тука во нашава вукојебина тоа не е можно. Ние сеуште не сме граѓани на светот и такво право да фатиме света и почневе некаде одново го немаме. Нашиот простор е во доменот на 200 километри квадратни. Тука сите се знаеме меѓу себе - веројатно сите сме и роднини. Нашиот политички избор е сведен на Курто и Мурто.

No comments:

Blog Archive

Site Meter