Search This Blog

Saturday, June 26, 2010

Од кој антички локалитет е Phallus-ов ?! :) ... Дали збирката на крстови на Трифун Костовски е легална ?!

http://www.vest.com.mk/WBStorage/Articles/A2BF7372A514654DA7FA40CE37660A4F.jpg 
Од кој антички локалитет е Phallus-ов ?! :)
Полициската операцијата „Фаланга“ во каја година дена се следеле и оперативно со сите техники на полицијата се обработувале педесетина Диви копачи и нивните пајташи од полицијата и дел од археолошката фела, вчера имаше кулминација. Ни се покажаа фотографии и видео записи од запленетите артефакти. Изјави имаа најповиканите Министерките за полиција и култура.                      Повеќе »..... moor ».....



Некој “стручно“ побрза да ги валоризира запленетите артефакти како вредност на западните пазари. Неколку десетици милиони евра беше некоја проценка која некаде ја слушнав. Дури нашле и чек на два милиона евра/долари ме мрзи да барам. Од артефактите највеќе ми привлече внимание Phallus-от од горната слика, кој официјално стручно лице со должно внимание го мести за да го видат министерките за полиција и култура, се разбира и новинарите. Прашањето е кој ценеше колку се запленетите артефакти вредни и автентични. Од кој период се – се пронесе дека има стотина века период кој е пронајден, дека од сето ова еден музеј ке наполниме ?!. Како тоа за неколку часа успејаа да проценат колку вреди и од кој период е Phallus-ов од горната фотка, сосе Менадата која веројатно ке испадне дека е копија произведена во некои од нашите музеи.

Шпекулирам дека името „Фаланга“ на полициската акција не е случајно одбрано. Имено пред две/три години одприлика беше актуелна една друга акција каде целата јавност бруеше за античките штитови од Бонче – каде се докажа дека некои луѓе од фелата чуваа по дома артефакти кои ги откупувале од дивите копачи со државни пари. Каде се виде и докажа дека има соработка меѓу дивите копачи и археолошката фела. Колку знам имаше и судска постапка но не се сеќавам како заврши.
Жалаосно е кај нас што Законот за заштита на културно наследство и други сродни закони не дозволува колекционерство на старини и монети на пример. Како тоа во цел свет може да има колекционери и мецени – ама кај нас не. Од видеото подолу се гледа дека најголема вредност од сето запленето е збирката на монети кој некој со децении ја прибирал одвојувајки брдо на лични пари и труд сосе стекнато знење од областа. Се прашувам јавно дали збирката на крстови на Трифун Костовски е легална ?!. И зошто таа збирка не е запленета со оваа акција ???. Трифун ја има најбогатата колекција на стари МК крстови, веројатно и во светски размери е значајна. Пред некое време официјално ја промовирташе – некој за тоа направи и монографија.
http://www.ulm.edu/~palmer/phallus.gif 

http://www.ulm.edu/~palmer/phallus2.gif
Од кога тоа е забрането по дома да имаме стари етнички предмети кои се дел од нашата фамилијарна и културна историја. Видов на видеото кое некој го подигна на ЈУ тјуб а е дадено погоре во постов запленети куп на ѓумци, грниња и вагани, нешта кои се присутни во скоро сите стари домови низ етничките села во Македонија. а такви имаат и многу љубители на стари и етнички предмети. Лично со мои очи сум видел неколку колекции на стари предмети и артефакти кои заљубениците со години грижливо ги прибираат и чуваат. За нив знам дека попрво очите ке ги дадат одколку збирката кое им е животно дело. Најголемата збирка на окарини кои се пронајдени на МК почва е приватна збирка. Од тој колекционер се позајмија неколку примероци кога се пронајде окарината на која и ден денеска свири нашиот најпознат изведувач на такви стари дувачки инструменти – Драган Даутовски.
Сношти археолошката наука не даде допринос на темата во ТВ емисијата Фактор 5. Професорот Чаусидис се сокри од јавноста. Не дојде ни Паско Кузман најповиканиот за заштита на културното наследство – кој до скора велеше дека во Македонија нема Археомафија, туку дека се работи само за роматичари кои диво копаат низ Македонија – кои често помагаат на официјалните археолози. Честа на археолошката наука сношти во Фактор 5 ја бранеше само археологот и блогер Василка Димитровска, која немаше со кого да спори во одсуство на други колеги и особено Паско Кузман.

Остануваат многу неодговорени прашања каде, во кој правец треба да оди археологијата во Македонија. На пример дали се потребни волку многу нови археолошки ископувања со застарени археолошки методи, без претходно иситување на археолошките локалитети со недеструктивни археолошки испитувања. Дали ке престане праксата на необјавување на пронајдените археолошки артефакти и нивна верификација во научната светска јавност. Овие прашања беа тема на ТВ соочувањето на Паско Кузман и археологот и колумниста Никица Корубин, за што ке пуштам посебен пост во некое друго време. Подолу ке ви дадам само едно видео од тоа интервју – истото има четири продолженија.

1 comment:

Anonymous said...

Kaj slusna ziti sve deset mil. ..... daj ne preteruvaj so gluposti

Blog Archive

Site Meter