Search This Blog

Wednesday, November 01, 2006

ИНТЕРНЕТ ПРОДАЖБА - НА МК АРТЕФАКТИ

Искрајно кога професорот Лилќиќ - рече дека некој студент му јавил дека се продаваат бронзани штитови од Македонија од локалитетот Бонче - не му поверував. Пред се затоа што не ја кажа интернет страната каде таа продажба се одвивала ...

Во денешен Дневник - во написот : Македонското археолошко богатство на големо се продава на Интернет - Дневник јавува каде тој открил дека се продаваат Македонски артефакти.

**
Неодамна била понудена и златна посмртна маска, слична со таа што пред неколку години беше пронајдена во Охрид, но по еден ден наддавање била тргната од продажба

** „Ретка фантастична античка римска мермерна статуа!!! Мора да ја видите!!! На неа е
претставена грчка или римска божица!!! Навистина вчудовидувачка, голема, многу тешка, зашеметувачки убава, пронајдена на поле во источниот дел од Европа, Македонија. Датирана околу 2 и 1 век пред новата ера. Проценета е на 750 американски долари.

** На „еБеј“ се продава се' од културното наследство пронајдено во Македонија, од монета на Филип Втори Македонски (359-336 година пред новата ера), тешка 17,5 грама, по почетна цена од 3,25 долари, до византиски печат, бронзен прстен, многу редок бронзен вотивен жезол на римски сенатор, пронајден во Македонија, чија почетна цена за лицитација изнесува 51 долар. Во „топшоповски“ стил се понудени амулети, бронзена глава на богот Хермес, скалпел од римски период.

** Последниот предмет што тој го купил од аукциската куќа е бронзен крст, датиран од 5 до 8 век „целосно исчистен и во многу добра состојба, проценет на 350 евра“, пишувало на понудата.

** ПРОДАВАЧОТ Е ОД КАНАДА - Грегориј Грегоров, кој живее во Монтреал, Канада.

Штета што не се дадени директни линкови, кои ке водат
до местата на продажба ... дадена е само интернет страната на „е-Беј“ - www.ebay.com.

Навистина скандалозно.




1 comment:

Photo Volan said...

Ке пробам да најдам директни линкови на „е-Беј“ - www.ebay.com. ...

Ако најдам ке ги едитирам во постот ...

Ако најдете вие нешто пуштите ми тука во коментар.

Морам да кажам дека МК идентитет - многу евтино се продава на Интернет ?!

Blog Archive

Site Meter