Search This Blog

Tuesday, November 07, 2006

Зошто Македончето Ќути, Трпи, Трае... - Репринт

Поради актуелноста на темата за - Протестите кој се организираат на 9ти - овој четврток , а се против Визниот зид намнетнат на нашата земја - решив да направам репринт на еден мој стар пост - во кој го образложував менталитетот на Македончето - и покрај сите тешкотии - се да прифаќа ...

ГРАЃАНИТЕ ЕМ НЕСРЕЌНИ, ЕМ НЕ ПРОТЕСТИРААТ-ФЕНОМЕНОТ, ДЕФИНИТИВНО, ЗАСЛУЖУВА СПЕЦИЈАЛНИ ИСТРАЖУВАЊА, ИАКО ЕКСПЕРТИТЕ НАЈЧЕСТО ТОА ГО ОБЈАСНУВААТ СО МЕНТАЛИТЕТОТ НА НАРОДОТ

ПРИЧИНИ ЗОШТО:
-Менталитетот на народот, кој е подготвен да трпи се
-
Преферираат да се затворат во себеси, отколку да се експонираат во јавноста
-
Очекување самиот систем да им ги реши проблемите
-
Социјалната несигурност
-
Стравот од репресија
о протести нема да постигнат ништо, а можат да ја изгубат работата или да одат во затвор
-
Отсуството на самоиницијатива на граѓаните
-
Протести има кога ќе им дојде нож до коска на граѓаните, но тие не се организирани и затоа не се масовни
-
За успешни протести, мора да има т.н. агенти кои ќе ги мобилизираат граѓаните
-
Менталитетот на нашиот народ е авторитарен
-
Нема никаква самоиницијатива, секогаш чека некој друг да ја заврши работата
-
Синдикати и Политички партии немаат моќ за мобилизација, поради изгубената доверба кај своите членови
-
Апатичност на граѓаните
-
Не може да се создаде критична маса која би излегла и би протестирала
-
Во генот на македонскиот народ е да трпи
-
Студентите, кои насекаде во светот се движечка сила на сите протести, во земјава не покажуваат никаков интерес своето наталожено незадоволство да го изразат отворено

1 comment:

Photo Volan said...

“... Студентите, кои насекаде во светот се движечка сила на сите протести, во земјава не покажуваат никаков интерес своето наталожено незадоволство да го изразат отворено ...“

Еве тука сум се прелажал .... Студентите и младината наша македоска, решија да проговорат и да кажат не на шенгенскиот зид - преку организирани протести од самите нив (кои не се никаков штрајк - нема да блокираат улици - нема секојдневно да се наметнуваат во јавноста - сепак сето ова е замислено само како еден луциден протест - усмерен против шенгентскиот ѕид...) ....

Blog Archive

Site Meter