Search This Blog

Wednesday, November 22, 2006

СКОПЈЕ - ОБНОВУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ

Одкако државата најави дека ке ги обновува трите стари симболи на Скопје (стариот театар, официрскиот дом и старата зграда на официрскиот дом) - со конкретно одвојување на пари во државниот буџет за идната година ... се појавија многу душегрижници кои се насекираа дека државата ке фрлела многу пари - на стари спомени ...

Лично јас како постар Скопанец се согласувам дека Скопје треба да има континуитет на архитектонските градби и трите објекти заедно со Ристиќева палата - камениот мост и Скопското кале ке му импутираат патина и душа на центарот на Скопје ...



Старо Скопје - Офицерскиот дом на главниот плоштад (тогашен Трг Краља Петра). 1920-титеСкопската тврдина (Кале)





Сликата “http://www.blesok.com.mk/Images%5CGallery%5C33%5C31.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.




 Св. Константин и Елена..слики 1.jpg Св. Константин и Елена..слики 2.jpg Св. Константин и Елена..слики 3.jpg Св. Константин и Елена..слики 4.jpg на Скопје, 1950-тите.jpg дом, изграден 1926-1929 -kar[i teatarot.jpgMonorafija Arhiv na RM slika na staro skopje centar.jpg

1 comment:

Photo Volan said...

#

Ако има некој уште некоја добра фотка од овие Скопски патини - нека ми даде линк или нека ми ја прати да ја едитирам во постот ...
(волан 22 Ноември, 2006 - 00:38 | избриши | одговори)

#

Во коментарите ке ги едитирам сите написи кои ке ги најдам на интернет а се однесуваат на обновувањето на централното градско јадро ...
(волан 22 Ноември, 2006 - 00:39 | избриши | одговори)

#

Искрајно во оваа тура на обнова на стари објекти од центарот - нели се споменува и куќата на мајка Тереза -

Би било убаво да се најде место за црквата Св.Конскантин и Елена - која оригинално била карши куќата на мајка Тереза ... но бидејки таму има сега трговки центар нели изградено ....

Би било добро да се размисли да се реизгради некаде карши хотел Гранд - по старо сега нели Холидеј ин ... и така на црквата таму и се вратија 3000 м2 со денационализацијата ....
(волан 22 Ноември, 2006 - 00:53 | избриши | одговори)

# Сакаш скрин север со официрски?
(Spartak 22 Ноември, 2006 - 00:57 | избриши | одговори)

# Волан, фотографии од мојата семејна архива колку сакаш :) Него неможам да ја препознаат црквата од фотографијата. За кој храм станува збор? Поздрав.
(кибицер 22 Ноември, 2006 - 00:57 | избриши | одговори)

#

Можеби ке претерам ако кажам дека во центарот треба да се обнови и хотелот Македонија (маркицата сеуште стои празна)- кој беше карши Ристичевата палата ....

Не мора да е ист тип на објект како лик - но некаков хотел во строгиот центар добро ке дојде но со старото име на хотел Македонија .... кој нели тотално се сруши за време на земјотресот и имаше многу жртви ... меѓу кои и доста странски туристи ...
(волан 22 Ноември, 2006 - 00:59 | избриши | измени | одговори)

#

Spartak

Сакам било која фотка од старо Скопје ...
(волан 22 Ноември, 2006 - 01:00 | избриши | одговори)

#

кибицер

Веројатно веќе сега и тебе ти е јасно. Се работи за црквата Св.Конскантин и Елена ...
(волан 22 Ноември, 2006 - 01:02 | избриши | одговори)

#

Дај е-маил. 1,8МБ е.
Пушти ја маил адресата преку ПП ако несакаш јавно да оди.
(Spartak 22 Ноември, 2006 - 01:04 | избриши | одговори)

#

Чинам дека ти пишуваше нешто за неа? Да да Smiling
(кибицер 22 Ноември, 2006 - 01:07 | избриши | одговори)

#

Spartak

еве volanskopje@gmail.com
(волан 22 Ноември, 2006 - 01:09 | избриши | одговори)

#

кибицер

Има линкови на коментарите погоре (кликни на нив)... а има и три поста на блогерај ... одкуцај на најди на блогерај св. Константин и Елена и ке најдеш три поста од волан и еден или два од Арвена ...
(волан 22 Ноември, 2006 - 01:12 | избриши | измени | одговори)

#

Пратив, neznam gmail dali dozvoluva tolkav mail. Skoro 2MB.
Кажи дали стигнало.
(Spartak 22 Ноември, 2006 - 01:16 | избриши | одговори)

#

Spartak

Сеуште не е стигнат меилот ...
Може да го пратиш и преку месенџер ... ако користиш Јахоо ... прати покана на volanskopje ...

Или аплодирај го некаде фајлот ... па само дај линк.
Можеш мислам и како твој пост да го направиш со аплодиран фајл ...
(волан 22 Ноември, 2006 - 01:23 | избриши | одговори)

#

ДЕБАТА ОКОЛУ ИДЕЈАТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА
Архитектите се контра возобновување на стариот театар

Вест - Година: 4 Број:1183 Петок 6/11/2004

Ова е малку постар напис на вест ...

** Асоцијацијата на архитектите е контра иницијативата на министерот за култура Благоја Стефановски да се гради нов театар кој би бил реконструsкција на стариотр скопски предземјотресен театар.

** стариот театар "функционално не може да ги задоволи потребите на еден нов, современ и модерен театар".

Професорот по архитектура Живко Поповски го кажа ставот на Архитектонската академија :"Нема оправдување во овој миг да се инвестира во ваков објект согласно со економската состојба. Нон сенс е да се гради стар театар, кога големината на стариот театар може да се смести во фоајето на МНТ ".

** Мирослав Грчев пак рече "Доколку тој театар би се реконструирал само од причини да остане маркер паметник на градот, а да ја нема функцијата на театар, тогаш се отвара сосема друго прашање"..

** "Ако е целта со градењето на театарот да му ја обноват меморијата на Скопје, ова е најпогрешен потег", рече Архитектот Трајко Димитров

Инаку Вест како редакција од стартот на идејата за обнова на стариот театар е против оваа благородна акција ... за реконструкција на старите творевини во центарот на Скопје ... (волан)
(волан 22 Ноември, 2006 - 10:40 | избриши | измени | одговори)

#

ГРАЃАНИТЕ ПОДДРЖУВААТ ВРАЌАЊЕ НА АВТЕНТИЧНИОТ ИЗГЛЕД НА ГЛАВНИОТ ГРАД
Скопје ќе добие идентитет?!

** Реставрација на автентичните споменици на културата како
-Градската кула,
-стариот скопски театар,
-изградба на Градска куќа на местото на поранешниот Офицерски дом, како и
-целосна реставрација на Скопското кале,
се дел од крупните проекти од културата, што ги зацрта Владата во својата програма.

** Поради различни мислења во стручната јавност за тоа дали во главниот град треба да се обноват некои од овие значајни обележја, кои беа разурнати од земјотресот во 1963 година, неодамна е направено испитување на јавното мислење во Скопје.
Дури две третини од граѓаните се изјасниле позитивно за обновата на Офицерскиот дом, наспроти 18 отсто од анкетираните Скопјани, кои биле против ваквиот проект на Владата....

** Уште поголема поддршка добила владината иницијатива за изградба на споменик-куќа на Мајка Тереза. Дури 75 отсто од испитаниците одобруваат изградба на ваков објект,...
(волан 22 Ноември, 2006 - 11:41 | избриши | одговори)

#

Калето обавезно треба да се реставрира (комплетно и автентично, без касатните кои подоцна биле доградувани на него а се срушиле од земјотресот) и да се затвори како една целина, со што целиот тој простор понатаму би можел да се користи за културни настани и туристички посети.
Интерсни беа коментарите и предлозите во врска со градењето на споменик или алеа на споменици на плоштадот Македонија.
(Аминта 22 Ноември, 2006 - 13:23 | избриши | одговори)

#

Аплодирав уште неколку фотки од старо Скопје од мојата колекција на фотки ...

Уживајте ....
(волан 22 Ноември, 2006 - 19:07 | избриши | измени | одговори)

Blog Archive

Site Meter