Search This Blog

Wednesday, November 15, 2006

ТЕЛЕКАБЕЛ

Неколку дена или воопшто немав пристап на блогот или имав Интернет на “лажичка“ мала ... Имаше некаков прекин на интернет врска меѓу мојот провајдер Кадис и ОН.нет ...

Бидејки ова се повторува циклично на неколку месеци ... понатака бидејки не сум задоволен со квалитетот на услугата на Кадис ... нестабилна врска ... често пукање и прекин на интернет ...немање техничка подршка ноќно време ... решив да мигрирам на Телекабел ... (но предходно ке молам за Ваше искуство ... на оние што се корисници на телекабел...)

Може сум една од ретките згради во Скопје каде може да бирам интернет меѓу
-МТ
-Он.нет
-Кадис
-Телекабел и
-Сателитски

** Мт - ми е “нестабилен парнер“ .... Бев негов корисник - на “АДСЛ“ скоро две години и лани ова време поради познатите случувања со АДСЛ среќно го раскинав договорот со МТ без последици по мене ... (пенали) .... Инаку МТ нуди моментално најбрз Интернет но прескап (месечна цена од 2360 - 2060 - 1660 ден.... зависно од должината на договорот “верност“ а башка интенет нормален има само до 4 ГБ...).

** Он.нет WiFi то не заживеа ... а WADSL-от ми е поскап од кабелскот интернет ... уствари поскап ... 1.090 денари ... тука е некаде со цените но проблем е што не знам што се дешава после дозволените 10 ГБ ... Башка сепак е повторно безжична конекција ...

** Кадис - го користам веќе нешто повеќе од година дена ... Одпочеток беше одличен за цената 1060 ден за до 4-ГБ ... потоа некој интернет колку за да се рече дека го имаш - нешто слично како и со МТ ... Највеќе ми смета што често пука врската и немаат техничка подршка ноќно време ...

** Телекабел е нешто што сакам сега да го пробам ... Има можност нели за цена од 500 до максимално 1500 денари да сурфаш и симнуваш - данлодираш за најдобра цена ... Оние кои се на Телекабел се фалат дека симнуваат без проблем и по 60 ГБ ... што е релативно добро ... Не им паѓа врската толку често бидејки користат осем линк на Кујтеса како и Кадис и одреден капацитет на стабилна интернет врска со МТ ... тоа му дава сигурност ... поголема од она на Кадис ...

Ги молам сите што се на Телекабел - овде со коментар да ми дадат нивно искуство ... за стабилноста на врската ... за квалитетот на Интернетот ... брзина ... има ли ограничување на трансфер и кога го прават тоа ... што се дешава по некаков лимит на данлоад/аплоад ... која е после брзината на врската. Редовно нудат 512/128 Кбпс ... исто како и Кадис ... квалитетот на техничката подршка ...

** Сателитски интернет по Скопје ... Потполно ми е непознаница ... едновреме следев но сега треба пак да истражувам ... ако има некој искуство нека каже ....

Ке едитирам некоја цена - понуда - кога ке најдам на нет .... ако имате некаков линк од понуда за Сателитски интернет за Скопје ... дајте ми линк.

2 comments:

Photo Volan said...

#

Досега најдобар пресек за цени на двапати даваше Redguy ...

Последниот преглед на цени му е на постот:
Да видиме до кај сме стигнале...

Но постот е бајаги стар ... Ке го молиме Redguy - да ги обнови податоците ...
(волан 15 Ноември, 2006 - 04:51 | избриши | измени | одговори)

#

Огромна дискусија водевме на времето на форумот на р-Еволуција - на делот за:
Интернет понудите во Македонија ...

Но и тука дискусијата е бајаги стара ...
(волан 15 Ноември, 2006 - 04:53 | избриши | измени | одговори)

#

Најквалитетна и најдолба дискисија за Интернетот во МК се водеше на блогот
р-Еволуција

Но и тука поради веројатно замор на материјалот нови дискусии се се поретки ...
(волан 15 Ноември, 2006 - 05:03 | избриши | измени | одговори)

#

Битката за подобар интернет во Македонија требаше да ја продолжи невладинаата организација - Граѓанско здрушение за подобар интернет:
Интернет Македонија

Каде и самиот партивипирам во раководството ...
Но и тука ентузијазмот некако спласна ... Запна работата на отварањето на сајтот на Интернет Македонија ...

Некако зимскиот сон продолжи и преку цело лето - па еве ке почне и втората зима ... Smiling

Линковите побарајте ги на паралелниот блог на Блогерај

Anonymous said...

Volan, defitivno Telekabel e najdobriot dil vo ova vreme, bez brakovi na x godini, bez nekoi nejasni limiti ... ednostavno vozis i uzivas ... inace TK mi e primeren provajder oste od vremeto po sle razvodot od MT koj bese isto efekten kako i kaj tebe ...

Pozdrav,

P.S:
Deka splasna rabotavva so IM svarno splasna ... daj kazi ako imas nekoja idea ...

Blog Archive

Site Meter