Во врска со протестите за укинување на визниот режим на 9ти Ноември, кој го организираат - Интернационалните младински организации AEGEE-Скопје и JEF Македонија, Унијата на Средношколци на Македонија, Младинскиот Образовен Форум, Балкан ИДЕА Скопје и Сојузот на Извидници на Македонија, обезбеден е клип филм - споредбено како изгледа еден пасош на едно Финско и едно Македонско девојче ...
На следниов линк, ќе можете да го видите краткиот филм подготвен од ОBESSU (Organising Bureau of European Schools Student Unions. Кој е снимен како одговор на Визниот систем кој постои во Европа. Клипот можете да го видите и на Блогот на Panta Rei - на постот No more visas for Macedonia.
Кога сме веќе кај протестот и организаторите - синоќа бев на еден од нивните подготвителни состаноци за митингот.
Искрајно и мене како блогер ме интересираше дали има некоа “позадина“ во протестот - можеби некоја политичка партија - некое “перење пари“ ...
Еве што видов со мои очи - Тоа е група на млади луѓе (претежно студенти и средношколци) - кои ентузијастички се нафатиле со организирање на митинг против визниот режим. Од Политички партии не видов ни П. Од перење на пари истотака не видов ништо - бидејки организаторите протестот го организираат така речи без буџет - ЕНТУЗИЈАСТИЧКИ со минимални финаси за плакати (донираат по три иљади денари - солидарно сите организации што учествуваат во организација на протестот .... ) ....
Продолжение на постот во првиот коментар ...
Search This Blog
Tuesday, November 07, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
November
(22)
- МАЈК ЗАФИРОВСКИ
- ФИЌО - ЗАСТАВА 750 - УБИЕЦ
- ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
- СВЕТИКЛИМЕНТОВ УНИВЕРЗИТЕТ – ПЛАОШНИК 2-ра фаза
- ЕЛИТИЗАМ во НВО секторот
- Меѓаши - Новогодишни честитки
- СО БЛОКАДА ДО СТРУЈА
- СКОПЈЕ - ОБНОВУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ
- ОТШТЕТА од 5,7 милиони евра
- ЈАНЕЗ ДРНОВШЕК
- ЈАПОНСКО vs МАКЕДОНСКО ЈАБОЛКО
- "Сенки"
- ДРАГИ МИТРЕВСКИ – интернет досје
- ТЕЛЕКАБЕЛ
- ВИЗА АЈ БАТАЛИ - БИДНА
- Зошто Македончето Ќути, Трпи, Трае... - Репринт
- ВИЗА ПРОТЕСТИ - посета на организаторите
- “Another Brick In The Wall“ - Bring Down the Schen...
- ПОСТЕРИ - ВИЗА, АЈ БАТАЛИ! - VISA, FORGET ABOUT IT!
- Не играј пред амбасада, играј на подиум - Виза, ај...
- РОБИН ХУД - ВО СКОПЈЕ
- ИНТЕРНЕТ ПРОДАЖБА - НА МК АРТЕФАКТИ
-
▼
November
(22)
3 comments:
Изворно коментарите се пишувани на мојот блог на блогерај ... па таму моше да ги видите и линковите од коментарите, на постот ВИЗА ПРОТЕСТИ - посета на организаторите ...
#
Присуствував скоро на целиот состанок ...
Поставив и неколку прашања на кои организаторите на протестот најљубезно ми одговорија.
- Зошто баш на 9ти Ноември ...
Организаторите ми објаснија дека заради симболиката на рушење на сите зидови - Денот на кампањата е внимателно одбран да се совпадне со денот на падот на Берлинскиот ѕид.
Организациониот тим, на 9ти Ноември симултано со Брисел (Преку синхронизација со матичните меѓународни организации со седиште во Брисел), Скопје и други Европски главни градови, ќе организира масивни мирни протести против постоењето на визниот систем....
Оваа дилема за датумот е соопштена уште (октомври 23, 2006 - 17:51) со првото Интернет соопштение на Aegee-Skopje
И во првиот пост на нивниот адхок Блог(November 02, 2006) Виза, ај батали - општи информации
(волан 7 Ноември, 2006 - 07:11 | избриши | измени | одговори)
#
- Зошто почетокот на протестот е закажан пред Владата на РМ ... (која е симболиката)
Ова прашање и мене од старт ми висеше во воздух и на некои други Блогери (вуна ...)
Организаторите ми појаснија дека на актуелнава Влада - сакаат да се обратат со барање да ги реши најхитно неколкуте технички барања од ЕУ до нашата Влада (нерешени од минатите Влади ...):
** Договори за реадмисија - зошто до сега не се подпишани со сите ЕУ држави ?
** Интегриран граничен систем, т.е. електронско поврзување на сите гранични премини и регистар на податоци; - зошто и ова не е готово до сега - иако има одавна издвоени средства од буџетот и помош од ЕУ фондовите за оваа намена ...
** Кој ги кочи новите пасоши ....
Значи да побараат од оваа влада да даде хитност и приоритет во решавањето на овие технички прашања ...
(волан 7 Ноември, 2006 - 07:27 | избриши | измени | одговори)
#
- Зошто и против кого се протестира ...
Ова прашање беше присутно скоро кај сите Блогери кои до сега се изјаснија против протестот ... Најсвешо е поставено од Книсос - Визен режим - не кого ние му се лутиме?
** И прашањето зошто се протестира е соопштено уште со првото Интернет соопштение?:
“ ...Денес, Шенгенскиот ѕид претставува опасност во реализацијата на Европската интеграција и ширењето на демократските вредности во Европа.
Најголемите губитници со постоењето на Шенген системот се токму младите.
Цениме дека неможеме да дискутираме за Европски димензии во образованието, мобилност, корупција, демократија и толеранција се додека Македонската младина е заробена во сопствената држава.
Неможноста да се искуси друга култура и други начини на размислување, директно резултираат кон гетоизирано однесување при што се создава маѓепсан круг....“
** Против кого се протестира - па јасно е против сите што ги воведоа визите за Македонските граѓани и против сите што не си ја завршија домашната задача да ги исполнат барањата на ЕУ (техничките прашања, опишани во погорниот коментар ...)
(волан 7 Ноември, 2006 - 07:38 | избриши | измени | одговори)
#
- Дали во позадина стои некоја политичка партија ...
Ме уверија дека ниедна политичка партија не е позади овие протести ... Сите се невладини организации и истовремено непартиски ...
Добродојдени се сите подмладоци на партите во МК - на протестот на 9-ти, но услов е да немаат партиски обележја и мотиви со себе ....
(волан 7 Ноември, 2006 - 07:44 | избриши | измени | одговори)
#
- Што е со УКИМ и Капа - кои во Интернет јавноста беа споменувани како коорганизатори на протестот ... (Букаро - среќна ви журка, јас ќе пијам сам!)
Ми појаснија дека како млади луѓе - студенти своевремено и самите протестирале против скандалозното местење на изборите на УКИМ и Капа ...
А сега поради неактивност на УКИМ - УКИМ не е вклучен во организација на протестот иако природно им припаѓа местото меѓу организаторите ....
(волан 7 Ноември, 2006 - 07:53 | избриши | измени | одговори)
#
- На мојата критика дека на видните блогери кои беа поради нивни причини против протестот не им одговориле ....
Организаторите ми појаснија дека се свесни за тој пропуст и дека ке пробат да одговорат на секој Блогер посебно кој се изјасни против протестите ... но дека до сега имале полни раце работа околу организирањето на протестот ... (дозволи, плакати и други “ситни“ детали - околу протестот)
Но во скоро време ке се потрудат на секој Блогер посебно да му се обратат и ги објаснат прашањата кои тие (Блогерите против протестот) ги поставија на своите постови ...
А од денеска ке работат на засилена медиумска кампања за подршка на протестот за што ке издадат соопштение до јавноста ...
Очекуваат дека денешен Дневник ке донесе прв напис за протестот ...
Спремни се да дадат интервју на сите телевизии и весници кои тоа од нив ке го побараат ...
Имаат пуштено веќе и меил до Јанко - Јади бурек ... кого го молат да продолжи со подршката на протестот и спремни се да гостуваат во неговата емисија - вечерта пред протестот ...
(волан 7 Ноември, 2006 - 08:08 | избриши | измени | одговори)
#
Ги израдував со информацијата дека дедо Боже ја подржува нивната акција и дека им праќа добро - сончево време на денот на протестот ...
Ова го примија со видна радост и аплауз ....
(волан 7 Ноември, 2006 - 08:13 | избриши | измени | одговори)
#
Присуствував кога се договараа кој тим (група на млади луѓе)што треба да одработи ...
** Да залепи плакати по Факултетите и средните школи ..
** Да исконтактира со општината и полицијата за дозволата за протестот ...
** Да делат флаери ....
** Кој ке биде редар и како да се одбележат ...
** Кој ке се обрати на Амбасадорот на ЕУ ...
** Кој ке биде во екипата што ќе глуми Цариници
** Кој ке праќа соопштенија и одговара на заинтересираната јаност ...
** Кој ке комуницира со Министрството за образовани и средните школи - од кои очекуваат подршка и разбирање за протестот ...
И многу многу други “ситници“ ...
(волан 7 Ноември, 2006 - 08:19 | избриши | измени | одговори)
#
- Кои технички детали тешко ги одработуваат - имаат проблем ....
** Хитно им е потребно некакво мало градежно скеле со кое би импровизирале граничен премин (ги молам сите кои имаат идеја како да помогнат - да се обратат на овој пост или директно кај органицаторот)
** Хитно им се потребни неколку “одела“ на цариници ...
(Ги молам сите кои можат да помогнат кај - МОБ и Театрите да од нивните фундуси се изнајми ваква опрема - или евентуално Царината на РМ да даде свои одела...)
** Највеќе од се им е потребна моралната подршка на сите добронамерни млади луѓе - кои ги очекуваат на протестот ... Секако добродојдени се и постарите генерации ...
** Струја за музичката група (Пеце Супер Хикс и неговите пријатели) - Се молат околните кафиќи да донираат троа струја Smiling
.....
(волан 7 Ноември, 2006 - 08:29 | избриши | измени | одговори)
#
Изразија голема благодарност до Пеце - Супер Хикс - кој прифати овој протест да го подржи со свој настап ... подржан од неговите музички пријатели ...
(волан 7 Ноември, 2006 - 08:34 | избриши | измени | одговори)
#
Значи уште еднаш ги молам сите блогери и оние кои го читаат мојот Блог да ги подржат овие млади луѓе ...
Се придржувам на повикот на Блогот на Јован - На протест!
Bez vrska.
Ubavo sto se sobrale,mladi entuzijasti, da se druzat i na kraj da si napravat zurka.
NO, zaludno se lae... Koga nema koj da go slusne toa laenje.
I barem malku nekoj da se zainteresirase, kako i zosto postojat vizite i kako i zosto ke isceznat, ke bese dobro.
No vaka, decava si se sobrale, ajde ke pravime protest i gotovo... Malo morgen. Rabota treba, seriozna RABOTA.
A ne vakvi gluposti!!!
Bez vrska.
Ubavo sto se sobrale,mladi entuzijasti, da se druzat i na kraj da si napravat zurka.
NO, zaludno se lae... Koga nema koj da go slusne toa laenje.
I barem malku nekoj da se zainteresirase, kako i zosto postojat vizite i kako i zosto ke isceznat, ke bese dobro.
No vaka, decava si se sobrale, ajde ke pravime protest i gotovo... Malo morgen. Rabota treba, seriozna RABOTA.
A ne vakvi gluposti!!!
Post a Comment