Достоинствено – помина денешниот протест “Виза ај батали!“.
Протестот почна и заврши со предвиденото сценарио. На почетокот во 11 часот се собраа неклку стотина млади луѓе – од сите организации (AEGEE-Скопје и JEF Македонија, Унијата на Средношколци на Македонија, Младинскиот Образовен Форум, Балкан ИДЕА Скопје и Сојузот на Извидници на Македонија) ... Видно најголемо присуство имаше од средношколската младина ...
Достоинствено – се блокираше само една сообраќајна лента ... не се газеше ни на тревата (осем новинарите кои ги имаше во голем број) ... Се извикуваа кратки пароли и Адмир Герлек во името на сите се обрати на владата и ги подсети да си ја завршат домашната задача – во врска со шенгенската бариера (пасошот, границите, договорите за реадмисија ..)
Не беше јасно присаството на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ кое дојде на протестот (без партиски симболи) – веројатно за да изразат подршка на протестантите .... Воопшто партиски знамиња немаше – од ниедна партија. Значи организаторите го исполнија ветувањето дека нема да има присуство на партиски симболи на протестот (нема да го дозволат тоа) ... Имаше знамиња на матичните организации и неколку државни знамиња ... пароли и плакати ... разни балони во плава, жолта и црвена боја ...
Протестот се придвижи по договорената маршута и предвиденото сценарио.
Попат се извикуваа договорени пароли против – визниот зид ... Господ на младиве луѓе им подари убаво време (ги сакаше-значи им даде благослов) ...
Пред зградата на ЕУ во Скопје – симболично го скинаа визниот зид – а две царинични делеа бесплатни доживотни визи за ЕУ ...
Пред Зградата на ЕУ – Леон Бакрачевски се обрати на ЕУ – со порака дека се незадоволни поради постоењето на вештачкиот шенгенски зид и упати барање тој да се одстрани ....
Пред ЕУ – зградата во Скопје беа поставени неколку панои – на кои младите своерачно упатуваа барања до ЕУ за рушењето на шенгескиот визен ѕид ...
На крај протестот прерасна во музички хепенинг на Пеце – Супер Хикс, со пријателите ...
Низ окото на мојата камера:
Низ окото на ТВ камерите од денеска ...
No comments:
Post a Comment