Мојата подршка за протестот ја образложив на неколку мои постови, кои се синтетизирани во НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО !! - Виза, ај батали!
Тука ке ви ја представам рутата на протестот и предвиденото сценарио на протестот.
- Почеток на манифестацијата во 11 часот пред Владата на РМ.
- Обраќање до владата како институција, а не политичка партија која е на власт и барање од релевантните служби да им помогнат на грѓаните на Македонија, со забрзување на административните процеси (Конечно издавање на новите пасоши, допотпишување на договорите за реадмисија и електронско поврзување на граничните премини).
- 11.40 Поворката ќе почне да се движи по улицата Илинденска, преку Орце Николов, и ќе скршне лево на улицата Димитрија Чуповски. На пресекот со улица Македонија, поворката ќе сврти десно кадешто во 12.20 ќе заврши пред Делегацијата на Европската Комисија во Скопје.
- На улица Македонија пред споменикот на Мајка Тереза, поворката ќе ја пречека импровизирана граница и граничари кои треба да го симболизираат нашиот влез во земјите од Европската Унија.
- 12.20 Пред Делегацијата на Европската Комисија ќе ги потсетиме релевантните Европски фактори, дека Македонија и нејзините граѓани несмеат да бидат колатерална штета во бирократскиот систем на Унијата, и ќе биде испратена порака до Амбасадоро Фуере, од кого се очекува истата да ја пренесе до соодветните тела на Европската унија.
- 12.20 Поставен е импровизиран визен ѕид на кој граѓаните ќе можат да ги остават своите забелешки.
- 12.40 Се очекува да се обрати Амбасадорот Фуере.
- 12.50 – 13.30 Музички бенд, под мотото Не играј пред амбасада, играј на подиум, како потсетник на понижувањата со кои се соочија Играорците од Битола минатата година кога беа натерани да играат за да добијат визи пред Амбасадата на Обединетото Кралство.
Подржете го протестот ... со тоа си помагаме на себе .. Да кажеме сите заедно:
** Виза, ај батали!
** ВИЗА НЕ БЛАГОДАРАМ
** СТОП ЗА ВИЗНИОТ РЕЖИМ
** ЗА УРИВАЊЕ НА СИТЕ ЗИДОВИ
** НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО
** СТОП ЗА ВИЗИТЕ
** ДОЛЕ СО ШЕНГЕНСКИОТ ЅИД!!
Гласам НЕ, за визниот режим.
Не сакам да бидам уште една тула во шенгенскиот ѕид
Сакам да го срушам.
За последнава порака и фотка благодарност до Арвена.
Ова слика од погоре е минат труд - на некои луѓе - кои пред денешниве организатори на протесто ја имале истата идеја.
Пристигнаа и нови фотки :)
Горниот плакат е официјален плакат на протестот ...
No comments:
Post a Comment