Search This Blog

Tuesday, November 28, 2006

ФИЌО - ЗАСТАВА 750 - УБИЕЦ

Секојпат кога ке се спомне Фиќо (застава 750) - ме фаќа носталгија - за мојата прва љубов - моето фиќо.

Го купив на кредит со учество од 50 посто - Пред некои 20 години од сега - го имав скоро цели 10 години.

Црвеното фиќо со багажник и кука. Колку љубов имавме за оваа кола - сите што го имавме ... Иако мало не носеше секаде каде ке помислевме. Со него бев до Минхен, Истамбул, Загреб, Љубљана, Повеќепати до Београд, Нови Сад, Дубровник два пати, Црногорско приморје неколку пати, на Халкидики и други плажи низ Грција повеќе пати, тури до Солун истотака неколку пати ....

Одеше добро на снег - во планина - неколку пати на Шапка ... не ме остави на пат ... фала му ...

На крај со огромна љубов према Фиќото го продадов ... но и ден денеска се вртам со носталгија кога ке видам црвено фиќо со Багажник ...

Денеска читам во Утрински дека едно фиќо го усмртило Владе Додевски (57) од Стајковци го загуби животот при обид да поправи "фиќо".

Сиромавиот од невнимание легнал под Фиќото да ја замени спојката - чест дефект на Фиќото (колку пати само сум ја сменил) .... Додевски (нека му е лесна земјата) на кого му попуштила дигалката - не внимавал и не ја ставил резервната гума за обезбедување кога легнуваш под кола нешто да поправиш - нека ова биде поука за сите ....

КОГА ПОПРАВАШ КОЛА И СИ ЛЕГНАЛ ПОД НЕА - ОБАВЕЗНО СТАВИ ЈА РЕЗЕРВНАТА ГУМА ДА ТЕ ОСИГУРА ОД МОЖНОТО ПОПУШТАЊЕ НА ДИГАЛКАТА ....

Многупати другари и пријатели ми се смееле кога ке ставам резервна гума за обезбедување ....



No comments:

Blog Archive

Site Meter