Search This Blog

Thursday, November 23, 2006

СО БЛОКАДА ДО СТРУЈА

Лани полани имавме блокада во Кондово чинам и Рашче кога Водовод реши да ја исклучи водата на оние кои не плаќаат ...

Како се заврши ова платија ли луѓето или само проблемот се стави под черга, незнам знаат од “Водовод“ кој нели лани пријави загуба од неколку стотина иљади евра - кој тренд продолжува и во оваа година ...

Лани кога се продаваше Дистрибуција на странци една од причините за продажба беше што - бившото претпријатие - кое наплатуваше струја - не можеше да најде начин како да ја наплати струјата од пооделни перманентни неплаќачи ...

Странците почнаа со засилена наплата најпрвин во градските средини кај населението ... потоа продолжија со Јавните претпријатија и установи (министерства - школи, болници ....), за на крај еве да почне да исклучува цели населби по руралните средини кои со години не плаќаат струја ...

Па така нели пред некое време слушнавме за прекин на испорака на струја кај селата во околината на Говрлево ... и во некои други рурални средини во источна Македонија .... за сега да почне да се сопира испораката на струја и во “проблематичната“ за наплата на струја западна Македонија ...

Еве селата Чифлик, Барово и Света Петка останаа веќе десетица дена без струја ... Но “борците за човекови права“ се активираа и извршија блокада на јавен пат - Мештаните со блокади ја запреа изградбата на "Света Петка" ....

Демек со исклулувањето на струјата мештаните трпеле штета - па сега и државата нека трпи штета со стопирање на изградбата на браната "Света Петка" ....

** Во овој регон живеат околу 1.800 жители. Најголем број од нив живеат од социјална помош и немаат пари да си ги платат сметките. Не плаќале струја со години оти немаат пари. Некои семејства не платиле струја 40 години откако се населени. Долговите се големи и достигнуваат и по неколку илјади евра - вели Илми Бислими - претседателот на месната заедница при општина Сопиште ...

** Неофицијално во земјава околу триесетина села воопшто не плаќаат струја.

No comments:

Blog Archive

Site Meter