Search This Blog

Friday, November 24, 2006

СВЕТИКЛИМЕНТОВ УНИВЕРЗИТЕТ – ПЛАОШНИК 2-ра фаза

Мината влада на ВМРО-ДПМНЕ под палката на Министерката Ганка Самоилова – Цветанова, а на иницијатива на тогашниот Премиер – направи грандиозен проект со возобновување на св. Климентовата црква на Плаошник, во името на Св.Пантејелмон - извршена е конзервација на крстилницата, атриумот, цивилната базилика, трпезаријата и Поликонхалната базилика.

Сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ сега под палката на Груевски го продолжува проектот Плаошник .... сега со идеја за возобновувањена Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.

Светиклиментовиот универзитет е најстариот универзитет во Европа. Светиклиментов униврезитет со 3.500 ученици бил еден вид ресавска школа каде во тоа време се умножувале црковните книги или попознат како Охридска книжевна школа – формирана во 886 година од Климент Охридски.

Во рамките на оваа школа се подготвувал образовен кадар кој бил испраќан во учителска, проповедничка и свештеничка дејност во сите делови на Западна Македонија, во денешна Албанија и во други делови на средновековна Бугарија.


Во најстарите зачувани ракописи се вбројуваат глаголските ракописи како: Асеманово евангелие, Синајски псалтир, Синајски еухологиј. Од понов период се ракописите со кирилско писмо како што се: Добромирово евангелие, Битолски триод, Охридски апостол, Болоњски псалтир. (преземени делови од МК Википедија)

Св. Климент Охридски




ohrid2.jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter