Search This Blog

Thursday, November 16, 2006

ДРАГИ МИТРЕВСКИ – интернет досје

Д-р Драги Митревски, вонреден професор – на Институтот за Историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет и предава

  • Праисториска археологија
  • Протоисториска археологија
  • Методологија на теренските археолошки истражувања

Кликнете на Google Драги Митревски ... ке добиете 873 резултати.
Кликнете на
Google Dragi Mitrevski ... ке добиете 479 резултати.

Првото нешто што го индексира интернет пребарувачот Google за Драги Митревски е веб сајтот на Старомакедонскиот град на Вардарски Рид.

Драги Митревски е пример како треба еден локалитет да се публикува на Интернет. Направи исклучитено добар сајт на Македонски и Англиски (што е важно за сведската јавност – каде треба да се верификуваат трудовите на археолозите)

За овој локалитет направи и фондација, со цел да обезбедува услови и реализација на археолошки истражувања на Вардарски Рид како и афирмиранје на откриените археолошки вредности.

За Ваврарски Рид е представена
- Историја на истражувањата од најраните активности на Вардарски Рид до денес.
- Историјат на сите деструктивни процеси врз археолошките остатоци на Вaрдарски Рид.
- Историскиoт развиток на Вaрдарски Рид.

Вардарски рид е преставен на сајтот од сите оспекти ... од геолошки асект ...
Набројани се пооделно сите парцијални истражувања на локалитетот на
Јужна Тераса на Акрополата на Источна Тераса и на Некрополите.

Набројани се сите трудови и публикации во форма на Научни собири ... Предавања ... Изложби ... Публикации ... Литература ... Фото галерија ...

Дадени се имињата на Волонтери и Спонзорства

Таман што сакав да го искритикувам Проф. Д-р Драги Митревски дека не дозволува дебата и други мислења ме демантира со можноста на сајтот за Форум/Дебати . Значајно е што Форум и дебата е овозможено и на англиски јазик ...

Некој злобник ке каже дека Во времето на истражувањето на Вардарски Рид – истражувањето беше помогнато од партијата на власт (виден член на партијата на власт од тогашниот период е сопругата на Драги Митревски...). Јас ке кажам дека сепак ова се паметно потрошени пари – било од каде да се дојдени. Со ова се зајакнува потребата од расчистувањето на Македонскиот Идентитет кој мора да го бараме во Историските истражувања подкрепени со Археолошки ископувања и артефакти пред кои и боговите молчат ... како што е и случајот на артефактот од Бонче – бронзениот штит.

Останатото досје во коментарите ...


No comments:

Blog Archive

Site Meter