Search This Blog

Thursday, June 17, 2010

Ново Лисиче - некој ноќе не труе !?!

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-1Large-2.jpg?t=1276757806
Ново Лисиче од мојата тераса
Веќе неколку ноќи после 24,00 часот со старт од околу два по полноќ или нешто порано некој нешто пали. Неснослива смрадеа се шири. Слично вака последен пат интензивно смрдеше пред да се затвори Вардариште како депонија за смет. Во вруќината мора да се затвараат прозорците. Дали повторно се користи Вардариште за палење на сметот. Колку знам таму сеуште постои претоварна станица за смет. Можеби некој погон на Металски завод, можеби Галванизација имаат некој производен процес кој испушта неснослива смрадеа. Слично смердење на времето имаше кога во Железара се топеше фероманганова руда.                      Повеќе »..... moor ».....
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-2Large-2.jpg?t=1276758476
Ке престане ли некој да не труе. Ново Лисиче стана прекрасна населба, спална соба на Скопје. Урбанистички најуредена, по сите светски стандарди за урбанизам, со големи паркови кои сега се зашумени, со големи тревни површини. Можеш дете да пратиш во градинка или школо а да не помине улица на која се одвива брз сообраќај, да го прошеташ по парковите кои се полни со урбана опрема клупи и лулашки, како и игралишта за помлади и малку постари. Парковите дневно се средуваат и одржуваат. Не случајно населбата доби на цена. Пензионерите се користат со клупите за одмор и читање на весници разменувајки муабет. Детската улица во средина на населбата е посетувано катче од младите и постарите. Во ек е изградбата на спомен одбележјето на Тоше Проески. Во населбата фали пазарче, фали црква и поголем маркет. Е да, ке заборавев покрај Вардар се градат неколку спортски објекти а патеката покрај Вардар за велосипеди и рекреативци стана едно од најпосетените места.              
 
И сето ова некој го труе !!!  Инспекциите очито не работат ноќе,  смрдејата тешко се докажува утредента – преку ден нема доказ. Очито некој ке мора ноќе да поработи.

1 comment:

Anonymous said...

[URL=http://imgwebsearch.com/35357/link/buy%20viagra%20online/18_viagra1.html][IMG]http://imgwebsearch.com/35357/img0/buy%20viagra%20online/18_viagra1.png[/IMG][/URL]


[URL=http://imgwebsearch.com/35357/link/buy%20viagra%20online/12_buygenericviagra.html][IMG]http://imgwebsearch.com/35357/img0/buy%20viagra%20online/12_buygenericviagra.png[/IMG][/URL]


[URL=http://imgwebsearch.com/35357/link/buy%20viagra%20online/17_buygenericviagra1.html][IMG]http://imgwebsearch.com/35357/img0/buy%20viagra%20online/17_buygenericviagra1.png[/IMG][/URL]

Blog Archive

Site Meter