Search This Blog

Thursday, June 03, 2010

Државата должи кај домашните кредитори 740 милиони евра а кај странските дожи 3,85 милијарди евра

Веќе на сите ни станува јасно дека државата е презадолжена. Тоа изгледа не им беше јасно само на актуелните МК власти кои до скора не признаваа дека сме презадолжени, проектирајки огромни ламја буџети, спас за енормниот буџет во услови на нереализација на приходите во буџетот бараа во перманентно задолжување кај домашни и особено кај странски кредитори, избегнувајки го ММФ - кој нели ако даде пари се меша во расходните страни на буџетот. Деновиве актуелната власт како да ја промени плочата која почна да се врти низ ЕУ земјите, сите ЕУ држави почнаа да штедат и да ги кратат буџетите, откако таканаречените “пигс“ држави се надвисија над еврото а еврото почна да паѓа ...          Повеќе ».....



Државата должи кај домашните кредитори 740 милиони евра а кај странските дожи 3,85 милијарди евра. На овој резултат и Тито може да ни позавиди.

Откако Ставревски се празни со прани раце од последното рондшоу по светските банки (неуспевајки да обезбеди нова емисија на еврообврзница, планирана на износ од 500 милиони евра), навести дека буџетот (расходната страна) сепак мора значително да се крати и усогласи со приходната страна. Први настрадаа социјалците (најсиромасите) кои веќе неколку месеци немаат добиени средства, деновиве гледаме дека страдаат археолошките ископувања. Настрадаа сите на кои државата им должи по основ на поврат на ДДВ и по основ на извршени градежни работи ... Ставревски нагласи дека сите буџетари ке мора да ги намалат трошоците - осем демек здравството. Сеуште го чекаме планот каде се ке се крати.

Во меѓуреме државата на домашниот пазар повторно се задолжува во услови на достасување на ратите од претходните кредити и веќе достасаната прва рата од првата еврообврзница. Завчера државата на вонредна аукција на шестмесечни државни записи со девизна клаузула зајми од банките и од другите инвеститори 30 милиони евра - истовремено Народна банка на Македонија на аукцијата на благајнички записи собра 123 милиони евра од банките за камата од 6 отсто.

Ручекот (старите кредити) мора да се плати.

Се поставува прашањето до каде може да се задолжува државата. Ставревски изјавува дека тоа може да биде до 40 проценти од БДП-то и бидејќи вкупниот јавен долг на Република Македонија моментално изнесува околу 2,2 милијарди евра, од кои 1,4 милијарди евра е надворешен девизен долг, јавниот сектор има простор да зајмува уште најмалку 500 милиони евра кај меѓународните институции без да ја надмине поставената „црвена линија“ за опасна зона на задолжување. Ставревски заборава на јавниот странски долг на државата да го додаде и долгот на домашното стопанство према странските кредитори кој према Ден Дончев изнесува 2,5 милијарди евра. Да не ја споменувам внатрешната должничка криза. (надворешниот бруто-долг на Македонија изнесува 3,85 милијарди евра на 31 декември 2009 година. Јавниот надворешен долг изнесува 1,35 милијарди евра, додека надворешниот долг на приватниот сектор изнесува 2,5 милијарди евра.)

Самиот одавна тврдам дека државното задолжување одавна влезе во пирамидална спирала на додатно задолжување од кое нема излез - тоа директно води до крах на економијата која додатно се оптеретува со нови давачки. Се поизвесно е дека до севкупниот крах на МК економијата не останува уште многу време. Спасот требаше да се најде во директните странски инвестиции во кои владата на Груевски страшно вложуваше и се надеваше на резултати. Ама од нив ништо не испадна. Празни се бројните ливади кои државата ги огради и ги вети на странците за гринфилд инвестиции.

1 comment:

Anonymous said...

Sto bese ovoj pesimizam druze,mama im rasplaka na "antickive" makedonci" neli:))) Inaku za tvoe raspolozenie i takvite kako tebe..... ili verovatno gresam na uk.eurosport.yahoo se vrti edno video-promocija za Makedonija od ovie deckive "antickive" de po vase nareceni,siguren sum deka ke ve o(ne)raspolozi ......

Blog Archive

Site Meter