Search This Blog

Wednesday, September 30, 2009

Економска транзициона лустрација ... економски транзициони профитери ...


Сите говорат за политичката лустрација, се донесе и закон на политичка лустрација кој практички сеуште не се спроведува - се кочи од сите структури. Се чини дека досјеата на кодошите се скоро неупотребливи бидејки во транзициона Македонија се изменија неколку леви и десни влади кои најпрвен завладуваа со полициските структури и архивите на кодошите (разни ДБК, УБК, КОС структури - вклучувајки ги истите и во воените структури ...). Неможам да тврдам но можам да шпекулирам дека најинтересните досјеа одавна се одстранети од рафтовите на тајните служби. Во сета оваа своевидна трговија со досјеата на кодошите дознавме дека копија од досјеата има во архивите на некогашната СФРЈ - сегашна Србија. Овој податок посебно исплаши некои од оние кои се секираат дали и тие се на списокот за политичка лустрација ...             Повеќе ».....

Ке изнесам уште една шпекулација, имено додека беше Министер на МК полиција Доста Димовска преку една акција ги обелодени сите познати и непознати имиња кои соработуваа со МК полиција, особено со тајната полиција, со што неповратно почна уништувањето на досјеата. Верувам дека од многу важни досјеа има копии во приватни збирки на досјеа со кои се тргува заради политичко профитирање (преку политичкото се подразбира и економското профитирање на тие поединци ...)...

Има една друга лустрација која додека имаме избори се наговестува од оние кои не се на власт, дека кога тие ке дојдат на власт ке спроведат таканаречена економска лустрација т.е. преиспитување на начинот на стварањето на таканаречените МК економски моќници ...

Најпрвин треба да се лустрираат економските профитери од транзиционото збогатување во периодот на владите на СДСМ. Во тој период спротивно на политичката програма на СДСМ како лева партија се спроведе најголемиот матен процес на МК приватизација. Владите на СДСМ створија законски решенија каде многу МК компании од одпштествена сопственост преку моделот на преземање на управување на акциите од вработените (со “доброволно“ одстапување заверено кај нотар ...) створија група на моќни таканаречени олигарси на МК економија. Со парите од профитот на самите компании таканаречените олигарси створија доминатни сопственички структури и “најлегално“ ги преземаа компаниите во своите т.е. фамилијарните раце ... Со ваквите решенија СДСМ како лева партија (почеток на неприродните програми на левите и десните МК партии, кои додека владеат спроведуваат спротивни идеолошки програми од природните леви или десни програми ...) неповратно спроведуваше десничарска економска политика и ја створи денешната таканаречена бизнис МК олигархија која раководи со МК економија, сега од позиција на доминантни сопственици на уделите ... Сето ова е надополнето со процес на неконтролирано профитирање на грбот на кршење на ембаргото кон Србија, кога повеќето од денешните олигарси створија моќни компании - увезувајки и извезувајки србски производи а пишувајки ги дека се домашни Македонски. Многу лесно сето тоа може да се утврди, извозните и увозните декларации се тука во архивите на МК царина, но тоа се втурнува во заборав. Се бутка процесот на политичка лустрација а се потиска процесот на економска лустрација.

Се додека не се спроведе економска лустрација на МК економија неможе да имаме рамноправност на економските учесници. Ова е наивно да се очекува бидејки наместо економска лустрација сите МК Влади “ствараат“ нови еконосмки профитери преку таканаречените тендери каде се фаворизираат блиски компании и фирми, често и странски кои се регистрирани во некави ОфШор земји со најсумњиво потекло на испрани пари ...

Десните влади на ВмроДпмне кои дојдоа на власт со ветување дека ке спроведат своевидна економска транзициона лустрација - скоро да не расчистија ниеден од познатите случаи. Сето е заглавено во судските и правните лаверинти, каде сето ова води во процес на своевиден заборав и “простување“ на гревовите. Олигарсите лесно се приклучуваат на владеачките структури и партии, се разбира преку процесот на донирање во разни акции на владеачките партии и структури, секако и финасирање во изборните процеси. Намесо економска лустација на сомнителните приватизациони процеси послатко им беше самите да продолжат сега од позиција на власт со трошењето на буџетот на МК еконија. Во тој легален процес преку сомнителни тендери се ствараат нови сомнителни транзициони игри ...

Владеачките и највисоките структури на сегашната власт веројатно се плашат од моќните раце на транзиционите МК богаташи - кои се поврзани со подземните и мафијашките структури ... Сите балкански држави се карактеристични по своите бројни домашни мафијашки организирања (секоја од балканските мафии си има своја држава ...), кои се пенетрирани во таканаречената црна, сива и легална економија. Ова не е заобиколено и кај нас. Највисоките владеачки политички структури се плашат од разни Џинџиќ сценарија или сеедно познатите софиски подземни пресметки ...

Во сето ова свесно или несвесно (повеќе би рекол свесно) помага и странскиот политички фактор, кој ни е политички транзиционен ментор. Тие иако ги знаат политичките и еконосмките транзициони профитери кои се наоѓаат на разни нивни црни и бели листи, не се трудат премногу да ги одстранат од власт. Напротив како да соработуваат со нив. Незамисливо е некој кој е на црна листа на твојата земја да биде гостин на некој свечен чин во односната амбасада во Македонија. Незамисливо но е често. Со ова се потпомага матниот процес на транзициона МК приватизација - дотаму што не се гледа политичка сила која во догледно време ке спроведе процес на МК еконосмка лустрација од транзиционите профитери ...
  •  Ке се најде ли јунак да ја исправи МК транзиција... ... Осем што новите власти/политичари ни донесоа режим на визи кон ЕУ државите, тие ни го уништија и стопанството. Створија армија на невработени, огромна сиромаштија, никојпат побројна. Ги затворија фабриките и рудниците. Буѓетот нивниот главен колач многупати го зголемија (за да може со сласт да го потрошат ...). Направија приватизација по нивна мерка каде како транзициони профитери се офајдија со имотот кој до тогаш припаѓаше на народот и работничката класа. Некоја идна Влада/Премиер ке мора оваа криминална приватизација да ја преразгледа, прочешла и да ја исправди неправдата нанесена кон народот и работниците кои останаа со прстот во уста и на улица ... многумина се упатени на контејнерите како едиствен приход за егзистенција.
  • Товарење на своето магаре преку грбот на граѓаните т.е. буџетот... ... Буџетот го полниме за да биде потрошен - така велат владеачките партии. Трошењето е со амин на Парламентот кој носи Закони за трошење на буџетот. Штом е по закон тоа е легално. Така станува легално и товарењето на своето магаре преку грбот на граѓаните. Штом ке се соберат доволно луѓе (партијски профитери на маката на народот) кои успеале да ги натоварат своите магариња - се ствара група на такви моќници кои имаат моќ да носат закони кои ги штитат нив и нивните натоварени магариња (капиталот де). Полицијата, принудата, судството се нивни апарати за чување на нивните „натоварени магариња“. Ова е главниот марфиев закон на таканаречениот Либерален Капитализам. ... ... Буџетот станува главен катализатор на богатењето на граѓаните од една страна и сиромашење на граѓаните од друга страна. Тендерите, корупцијата се метод и средство за „товарење на магариња“. Има луѓе кои благодарејки на законите и своите функции и по крајот на мандатот (добиен од народот) добиваат рента до крајот на животот. Лицемерието на товарање на своето магаре е заштитено законски дури до Уставот.
  • Горчина ... ја мразам транзицијата со сите последици... ... со сите расипани човечки судбини и разноразни профитери кои ја искористија ... транзицијата која уште трае ... 
  • Автомобилот и сиромаштијата... ... Колата за просечното семејство стана луксуз ... така пензионерите, стечајците и невработените ни во сон веќе не возат коли ... дуќанџиите и тие се во криза со појавата на големите маркети ... едвај ги одржуваат своите возила ... Низ градот се гледаат само бесни коли од новопечените богаташи и шемаџии (деца на новопечените богаташи, МК олигархија ... транзиционите профитери ... а да, и политичките елити ...) ...
  • Заврши ли “едноумието“ ... што систем имаме сега ?? ... систем на перфидна манипулација на демократските процеси ...... во тоа распаѓање на големите системи - наречено трансформација на капиталот дебело се омрсија поединци кои јас ги нарекувам воени профитери во време без војна ...
  • Против продажбата на “златните кокошки“... Сите продажби на нашите златни кокошки си имаат своја транзициска предисторија и се одвиваат по слично сценаријо, но дефинитивно “сценаријо“ има.

No comments:

Blog Archive

Site Meter