ВмроДпмне и Груевски неможејки да испорачаат економски резултати какви што ветуваа во своите изборни програми за препород на Македонија, се погласно размислуваат за нови предвремени парлаентарни избори, веднаш по стапувањето на одлуката за визна либерализација и можното добивање на датум за преговори со ЕУ. Повеќе »…..
- Во таа насока е и измена на законот за избор на пратеници, каде дијаспората доби три места (Груевски се почесто е во САД и Канада, т.е. Австралија ... )
- Повторно актуелизирање на свечени отварања на градилишта за кои и врапчињата знаат дека нема пари во буџетот ... веќе подзаборавивме каде се` Груевски пресече лента во последните избори ...
- Се почестото присаство во медиумите, каде се рекламираат успесите на хартија - како она фамозмозното напредување за 30 места во “дуинг бизнис“ - каде Груевски со цела Влада се иступори на медиумите (недозволувајки други прашања) и три дена правеше од тоа топ медиумска тема ... иако сите знаеме дека е тоа само хартија, а резултатите во стварноста на полето на домашни и странски инвестиции се поразителни, економијата тоне, владата секојдневно се задолжува, девизните резерви паѓаат, платно билансната позиција е во галопирачка негатива ... Предходно имаше неколку паѓања на рејтингувања на слични странски агенции, кои власта ги премолчи ...
- Широкото гласачко тело, сиромаштијата, невработените и особено земјоделците - се бомбардираат со најави за големи програми и инвестиции (десетете милијарди евра мега инвестиционата лажна програма се преточува во оделни помали лажни ветувања ... за незнам 80.000 социјалци учество во плаќање на сметките за електрична енергија, пораст на субвенциите за земјоделците (во време кога сезонски имавме незадоволство на сите земјоделци, сточарите, житопреработувачите, тутунарите, најново лозо-преработувачите ...)...
- Дворови за едно евро квадрат, одкако предходно двапати ја зголемуваше цената - сега се излагува со паролата “дај шта даш“ ...
- Намалување на ДДВ за изградба на нови станови, со најавен почеток на изградба на иљадници станови во државна режија ... Секое слободно парче земја низ Скопје е со најава за плоштад, црква или спортски стадион, стокатница, паркиг гаража ...
- Најиндикативно е што на директно порачано прашање во дневникот на Сител - “ке има ли нови избори“, Груевски одговори, “не - нема да има“ ... Кога политичар децидно ке одговори на такво нарачано прашање - тоа значи дека спрема сосема спротивно од изјавеното ...
- Најуспешниот резултат на Груевски е добивање на неколку избори по ред со иста методологија и тактика ... широко ветувања особено на полето на нови инвестиции странски и владини, разговори и договори со народот, цврстиот национализам ... навлегување во туѓи дворови - спрведувајки мерки кои се типично левичарски ...
Со новите избори, во точно одреден момент кога опозицијата а особено СДСМ и Црвенковски се сеуште во летаргија и средување на своите редови - ВмроДпмне конечно би се пресметал со Бранко Црвенковски, кој е сепак политички играч со харизма ...
Единствено кое може ВмроДпмне да го плаши од предвремени избори е состојбата со гласачкото тело во самото ВмроДпмне. На последните председателски избори во првиот круг Љубе Бошковски одкина скоро 120.000 ВМРО гласови ... Незадоволството меѓу гласачите на ВмроДпмне е присутно и тоа во немал број - и тие ја делат сиромаштијата, не секој вмровец се офајдува од моменталната политичката курентност на ВмроДпмне ... сиромаштијата, невработеноста ги погаѓа сите слоеви сосе гласачите на ВмроДпмне ... од најавување на светла иднина не се живее ...
Дворските игри (изборите) се перманентна забава за МК напатен народ. Му се испорачуваат секојпат кога нешто друго крупно ни се спрема.
4 comments:
Zamislete,glaven akcent na partiskata programa na SDSM e namaluvanje na siromastijata vo Makedonija .... pokraj site drugi biseri,ova go kaza onoj tvojot politicki igrac so harizma,demek koj e kako nego - zatoa VMRO-DPMNE nema da ima potreba od novi izbori,so vakvi lideri na opozicijava nemaat ama bas voopsto maka .....
"Zamislete,glaven akcent na partiskata programa na SDSM e namaluvanje na siromastijata vo Makedonija ." Zamislete, i vo programata na VMRO-DPMNE isto, e zapishano namaluvanjeto na siromashtijata! I, se ostvari! haha
Kolku i da ima sarkazam vo tvojot komentar moras da priznaes batka deka sepak ima malku,eve da bidam skromen,pogolema razlika megju dvete programi........a da ne ni se slucese svetskava ekonomska kriza koja (za nesreka na sdsm) poleka ama sigurno odminuva ..... 10 (deset) partiski programi da ima t.n.opozicija ne gi vadi od dnoto, kade ke ostanat maaalku podolgo vreme.
greshish vo edna mnogu bitna rabota shto mozhe bi ke te zachudi: za razlika od programata na SDSM (koja ne sme ja videle, ako e voopshto i toa partiska programa) , VMRO-DPMNE nema programa! Toa shto go ponudija e AKCIONEN PLAN na vladata (datum za izvrshuvanje na nekoj proekt, brojki za socijala i sl). Partiska programa e neshto sosema drugo. Toa e naveduvanje, objasnuvanje na ideologijata, taa e opshta, politichka.........
Post a Comment