Search This Blog

Friday, September 11, 2009

Граиште, Демир Хисар нова тажна архео приказна ... Grašte, Demir Hisar new archaeological sad story

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/c3/Mapa_Demir_Hisar.jpg http://photos-e.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs211.snc1/7830_167253142432_536072432_3544564_7897361_n.jpg
Граиште, Демир Хисар нова тажна архео приказна - за поголеми слики десен клик на сликата, првата опција Повеќе »

За Село Граиште - Демир Хисар досега немам слушнато. Го побарав на мапа и на Гоогле ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/-1Large-1.jpg?t=1252670595

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/-2Large-1.jpg?t=1252670784
За поголеми десен клик на сликите, првата опција

Село Граиште е мало мирно село кое е сместено по течението на реката Црна. Тука во Црна се влива рекичка која доаѓа од правец од Демир Хисар. Шетајте малку низ maps.google.com околу локацијата која Ви ја линкував во предходниот линк, може да се примети дека Граиште е сместено на една висорамнина на која одавна археологот Иван Микулчиќ (доајен на МК археологија) го убицира архео-локалитетот Градиште.
- „Градиште” се вика издвоениот и 160 м висок куп среде рамницата на устието на Стара Река во Црна. Преку едно ниско седло купот е поврзан со планините на север. Селото Граиште лежи во јужното подножје. Граиште претставува математички, географски, сообраќаен и стопански центар на областа Демир Хисар — античкиот Дериоп и средновековното Железно (Добромир), каде што главната стопанска дејност, од предисториата до денес, била експлоатацијата на железо. Денешниот центар Демир Хисар (Мургашево) лежи 2 км југозападно од Граиште.
http://www.promacedonia.org/im3/im_61_196.jpg
„Градиште”, Граиште, античко регионално средиште (град Брианион). Акрополата е обновена во средниот век (град Добрун)
http://www.promacedonia.org/im3/im_62_197.jpg
„Градиште”, Граиште, монети oд 10.—13. век
- Ова се изгледа монетите кои ги спомнува виолетова (која по мајка потекнува од овој крај), во постот на Интерпретер. „мајка ми е од таму, кажува дека на времето поројните дождови носеле римски монети од ридот...“
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/97/Sv.Toma_Graiste.jpg/800px-Sv.Toma_Graiste.jpg
МанастиротСв. Тома” е во манастирите од локален карактер. Тој бил разрушен во 18 век, а возобновен во 2002 година. Подигнат е на старите темели, со основа во форма на четирилисна детелина. Самата градба зборува дека спаѓа меѓу најстарите манастирски цркви во Демирхисарско и Македонија. Ваква градба е вистинска реткост. Од неговиот двор како на дланка се гледаат демирхисарските села и полето. Благодарение на еден запис на фрагмент од службен минеј за месец септември од XVI век, ја откриваме книжевната дејност во овој манастир. Книжевникот Спиридон учел, живеел и творел во манастирот кон крајот на XVI и почетокот на XVII век, во манастирската библиотека, која била сместена во една просторија од конаците кои го опкружувале манас-тирот. ... ... До манастирите Св. Тома - Граиште, Св.Атанасиј - Журче, Добромирово - Слепче, и манастирот Св. Илија на Илинска планина водат неасфалтирани патишта.

Од видео презентацијата на Гоогле можеме да видиме дека околу висоста Градиште, каде во подножјето е сместено селото Граиште има плодни ниви кои се хранилки на месното население, кое веројатно се занимава и со сточарство. Градиште од неодавна е познато и по поставувањето на телевизиски и антени на мобилни предаватели. И токму тука настанува проблемот.
http://www.predavatel.com/mk/6/bitola/dh1_graishte_1.jpg
Репетитор Граиште - Демир Хисар 1. Географски координати: 21°12'07"E / 41°13'10"N, надморска височина (кота терен): 645 м.
http://arheo.com.mk/wp-content/uploads/2009/09/bryanion-demir-hisar-vip-operator.jpg
Поставеност на предавателите од мобилните оператори на археолошкиот локалитет „Градиште”, с. Граиште, со црвено е означен ровот од 200 м. кој уништил поголем дел од центарот на локалитетот

Нам добро познатиот археолог Арвена-Археоблог кој веќе неколку години известува преку своите блогови и сајтови за состојбите во Мк археологија. На своите сајтови и блогови го документира случајот за оштетување на археолошки локалитет „Градиште” , дело за кое некој кривично ке одговара. Таа во три издвоени поста го подигна својот стручен глас и го документира случајот во своите постови:
  1. Како мобилните оператори ги уништуваат археолошките локалитети во Република Македонија ... 7th September 2009
    - колку од археолошките локалитети во Република Македонија се уништени со градење или поставување на неков објект, а тоа воопшто да не е пријавено за да може навремено да се интервенира од страна на стручните екипи за заштита на културното наследство.
    - случајот со поставувањето на цевководот за ХМС „Злетовица“ кога инвеститорот оштети неколку локалитети.
    - Вчера бев на прошетка над селото Граиште (Демир Хисар), на таканаречената Граишка чука, каде во античко време се наоѓал градот Брианион, голема тврдина преку целиот рид, а подоцна средновековниот град Добрун. Од она што го видов навистина се згрозив. На местото моментално има поставено 4 предаватели (3 мобилни + тв). Последниот од мобилните предаватели е направен пред 1 недела. За да го постават громобранот, со машини бил копан 200 метри долг и 1 метро длабок канал (ров). Без да се внимава на уништувањето на значајно археолошко место, се гледаа уништени камења кои биле дел од зидини, се гледаа стари керамички садови, уништени, искршени, изгазени… (меил од нејзин читател)
    - http://i31.tinypic.com/16lfced.jpg http://i27.tinypic.com/razyoo.jpg
    - По увидот на терен се утврди дека акрополот на археолошкиот локалитет Градиште, кај с. Граиште, Демир Хисарско е 2/3 уништен засекогаш.
  2. Извештај од терен - Увид во оштетувањата на локалитетот Градиште, с. Граиште од страна на мобилните оператори ... 9th September 2009 ...
    - Акрополот на археолошкиот локалитет е 2/3 уништен засекогаш со копање основа за антени на мобилни оператори. Копано е до длабочина од 30-40см, а некаде прекопувано и до 60-70 см за да се направат ископи за темели на базните станици токму во центарот на локалитетот. Со машини е ископан 200 метри долг и 1 метро длабок канал (ров). Багерот кој го направил тоа се уште стои горе на самиот локалитет. Парчиња керамика и делови од садови можат да се пронајдат раздробени на сите страни.
    - идеја до мобилните оператори, за да не се случуваат во иднина вакви работи. Можат да си вработат/најмат еден, или тим археолог кој би одел на терен и би ги рекогносцирал (површински прегледал) локациите на кои имаат намера да се постават базни станици.
    - Колку археолошки локалитети имаат уништено мобилните оператори? Треба ли да ги поминам сите локации каде што им се поставени антените и базните станици?
    - Се чувствувам поразена. :( Функционира ли барем еден закон за заштита на културното наследство во оваа држава? Вакво сквернавење не сум видела скоро никогаш во животот, дури ни од страна на дивите копачи. Тие се барем повнимателни.
    - http://i253.photobucket.com/albums/hh42/Milozvucna/GraishkaChuka-anteni.jpg
  3. Видео запис од уништениот локалитет Градиште, с.Граиште, Демир Хисар ... 10th September 2009 ...
    - На сите страни можат да се видат парчиња керамика и делови од садови кои се раздробени што од механизацијата, што од претумбувањето да се направи/откопа, а потоа да се закопа ровот. При тоа еден дел од фортификациските утврдувања се комплетно разрушени. Се направи фото и видео документација. Дел од видео материјалот е монтиран и подигнат на мојот канал на Youtube.
    -
    - Факт е дека со самото стапнување на терен, сите мобилни оператори направиле кривично дело. Да не зборувам понатаму за базните станици и за ровот кој само го доуништиле овој локалитет. Би сакала да знам кој е тој кој ја издал и ја потпишал дозволата за било какво поставување на објект на локалитетот, што подоцна резултирало со негова деструкција.
    - http://photos-c.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs211.snc1/7830_167253177432_536072432_3544570_3735472_n.jpg http://photos-h.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs211.snc1/7830_167253162432_536072432_3544567_4764413_n.jpg
Навистина поразувачки момент во време кога Македонија прави вистински бум во архео истражувањата и издвојува се чини највеќе средства по глеав на жител од сите соседни држави, за да го потенцира богатото културно историско наследство и бројните архео локалитети - каде и да копнеш ке најдеш или прастар гроб или архео локалитет ...

Блогерите досега се единствените медиуми кои го пратат ова најново скрнавење на архео локалитет. За настанот со свои подршка граѓанскиот глас го дигнаа и:
  1. interpreter - Копање по минатото ... 9 Септември, 2009 ...
  2. Моја Македонија - Oштетувања на локалитетот Градиште, с. Граиште Демир Хисар од страна на моб.оператори ... Gradiste village - Demir Hisar ... 9 Септември, 2009
  3. На настанот посвети внимание и уредниког на блогот на blog.com.mk, го постави на насловна ...
    arheo 2.JPGarheo 3.JPG
Останатите медиуми сеуште молчат, моќта на мобилните оператори е огромна. Тие се најпрофитабилните компании во Македонија. Влијателни се и во владините кругови, отаму влијателни се и во медиумите - бидејки се едни од главните спонзори на разни настани и огласувачи во весниците. Но тоа не им дава право да го кршат законот за заштита на културното наследство - кој децидно вели дека во случај на градежни активности ако се појави било каков сомнеж дека се копа во архео локалитет, градежните работи мора моментално да прекинат, се` до конечнот увид на археолошка екипа и тоа на трошок на инвеститорот !! ...

За ,оќта на мобилните оператори, кои поставија предаватели на скоро на сите ридчиња во Македонија имав и други постови:
  • БАЗНА СТАНИЦА - среде локалитет ... СКУПИ ... SKUPI ... SCUPI ... SCVPI ...

    Правејки ја мојата фото сторија за Античкото Скупи - не може а да не се примети дека на највисокиот дел на малото брдо - во чие подножје е она што досега е откриено од локалитетот - високо се издига Базнатра станица на “Космофон“ ...

    Bazna stanica Skupi - kolaz (Large).jpg

    Gogle snimka - obelezena namalena skratena.jpg

    Од топографската карта се гледа дека Базната станица на “Космофон“ - која на Гогле снимката носи бројче 6. ... (единица е главнината на локалитетот) ... е во границите на Античкиот архео-локалитет Скупи ... Ако сакате да видишт што представуваат другите бројки - кликните тука ...

    Чепкав малку по нет за да видам дали има некоја сторија врзана за базната станица на Космофон - на врвот на Скупи ... Најдов само два написа ... иако се потрудив бајаги ...

    - Првиот е на Вест од 09.Јуни.2003. - Античко Скупи континуирано живеело и со старите Словените - модерни варвари го уриваат ...

    “.. Најтазе упади, освен оние познати од поодамна, како луксузните куќи во Злокуќани на пример, што и самите се уверивме на теренот, се новата базна станица на "Космофон" кој добил дозвола да ја изгради на овој локалитет, што не е прв случај, бидејќи исти такви наршувања овој мобилен оператор и тоа со благослов на локалните урбанисти, направил и на други локалитети во држаата. Базната станица на "Космофон" во Скупи е подигната точно врз акрополата која, како што вели Јованова, досега воопшто не е истражувана..

    Ова е сериозно обвинување на весникот Вечер - кој често афирмативно пишува за археолошките локалитети во Македонија ... Индикативно е тоа што за оваа базна станица има одобрение за градба ... а нема правено предходно сондажно истражување ... Незнам дали одобрението за градба ја има прескокнато фазата на мислење на тогашниот Завод за заштита на скоменици ... Но ако такво има ... тогаш некој има направено голем превид ... Овој мал скандал не дојде на врвовите на МК медиуми ... дали е тоа случајно или некој се потрудил тоа така да биде незнам ... Би сакал приказнава да ја преземе некоја поамбициозна и помоќна редакција ... Можеби Вест повторно и да ни ја раскаже сторијата ... како е дојдено до градба на базната станица на Скупи ...

    - Утрински индиректно ја спомнува базната станица во својот напис во Број 1567 - „Мобимак" го обвинува Буџаку дека не давал дозволи за базни станици ... Тука уствари не е спомната базната станица од Скупи ... но написот е интересен - за да се види односот на надлежните кон проблемите на Мобилните оператори ... Ова повеќе го истражував во мојот пост За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!! ... каде во коментарите се дадени многу линкови во врска со начинот на градење на базните станици ... легално ... или нелегално ... има дозволи ... нема дозволи ... има недозволено зрачење ... нема недозволено зрачење ...

    - Утрински весник ја спонува базната станица во Број 2100 - во написот ... Во Катланово откриена некропола од железно време-Истражувањето на просторот каде што е откриен еден гроб со наоди дошло по барање на „Космофон“ ...

    “.. И археолозите кои работат на локалитетот Скупи крај Скопје, ја потенцираат позитивната улога на мобилниот оператор, кој ќе ги финансира и престојните заштитни истражувачки работи на локацијата „Зајчев рид“, каде во функција на базната станица ќе биде ископана доводна траса во должина од 40 метри.
    „Пријатно сме изненадени од постапката на Космофон кој како инвеститор ни излегува во пресрет и ги финансира потребните заштитни истражувања. Досега на тој потег не сме истражувале, а препоставуваме дека можеме да наидеме на делови од северниот и североисточниот бедем на Скупи, можеби да откриеме и гробови од северната некропола, а би било најдобро кога би се откриле културни слоеви од предримскиот период“ -вели археологот, долгогодишен истражувач на Скупи, Ленче Јованова„

    Истакнувањето на позитивниот пример на Космофон е особено важно во период кога во земјава на голем број локации никнуваат различни објекти, базни станици, пред претходно подземните слоеви да бидат истражени. Позитивните примери ги охрабруваат истражувачите дека работите се менуваат на подобро, и дека нив ќе ги следат и други инвеститори чиј број во земјава секојдневно се зголемува. .. “

    И толку само овие два кратки написа по медиумите ни Македонски ... Темата мислам дека заслужува аналитичко новинарско истражување на сериозен медиум ...

  • За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!!
  • За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!! - репринт

No comments:

Blog Archive

Site Meter