Search This Blog

Tuesday, September 22, 2009

Охрид - фото запис



сл.1  Веројатно најпознатиот мотив од староградската архитектура на Охрид (куќата на Робевци), каде е сместена археолошката поставка на Охрид
Повеќе ».....


сл.2  Охрид е нашиот најголем туристички локалитет. Целиот град е свртен кон туризмот и е одлично обележан - со чести мапи како горната која е пред влезот на стариот град. Луѓето се срдечни и муабетчии ... чаршијата е полна со сувенири, кафиќи и ресторани.

сл.3  Одлично обележување со пригодни патокази. Ме потсетува на начинот на обележувањето во Париз. Мани Охрид сигурно има полно. Мене не ми се допадна што нема (или не ги пронајдов) местата каде можеш да се информираш за слободено сместување, каде може да се најми водич. Приватното сместување во и околу старата чајшија е 25 до 35 евра!!. За да си најдеш поефтино сместување на располагање ти остануваат само таксистите кои се бројни и љубазни ...


сл.4 и 4а  На влезот во чаршијата, пред некогашна Летница. Сега плоштадот го краси споменикот на Св.Климент. Некако ми фалат споменици (бисти) на св. Наум, Кирил и Методи, Прличев. Но можеби така е и подобро, сепак плоштадот би се загушил од шума на истакнати имиња кои се врзани со Охрид. Е да, сеуште немам слушнато за некоја античка скулптура и споменик - од таканаречениов период на антиквизација.

сл.5  Охридскиот Чинар, како што пишува стар 11 века. Охрид има уште неколку постари чинари - од кои други два со истотака голема старост. Ги сликав сите постари чинари и ке Ви ги преставам во осебен пост. Се што е толку старо а притоа сеуште е живо заслужува посебна почит.


сл.6 и 7  Охрид е пребогат со прекрасната стара охридска архитектура - секојпат кога ке поминеш покрај нив (куќите) просто те мамат да ги фотографираш

 




сл.9, 10 и 10а Антички театар

сл.11 Прекрасната однадвор но особено одвнатре св.Богоридица Перилепта, со уникатните фрескоживописи на зографите Михајло и Евтихие ...


сл.12 и 13  Охридската Самуилова тврдина (X/XI век)



сл.15  Дел од археолошкиот локалитет на Плаошник, каде по завршеток на истражувањата ке се реизгради Свети Климентовиот Универзитет ...

с.16

сл.17


сл.19 Плажа под Св. Јован Канео . Времето беше идеално за таканареченото “Ѓупско Лато“ ...

сл.20  Донацијата на Фондацијата Рамковски, пуштена во употреба пред некој ден - за три дена четирипати ја користев.

сл.21  Ги барав кај св.Наум - ги најдов тука, кај крајезерските кафеани во Охрид ...

сл.22 Прекрасно реновирана родната куќа на Григор Прличев, донација на Минчо Јорданов. Ке има посебен фото запис.

сл.23

сл.24

сл.25 Прилично запуштена стара зграда на Основното Училиште Григор Прличев (изградено на 01.07.1927 година)

сл.26  Истотоака стара зграда на Гимназијата Св.Климент во Охрид - реновирана и во одлична состојба ...

сл.27 Го уловив виножитото на Туристичка ...


сл.29  Легендата на македонскиот Филигран чичко Вангел А. Деребан ...

сл.30  Опинчарската работилница на чичко Милан С.Белевски ...

сл.31 Охридски Бисери - Фамилија Талеви - Климент и син - Традиција повеќе од 80 години ...

сл.32  Душата на секој стар град извира од неговата стара чаршија и од старите занаети ... за секој од горните мајстори имам спремено посебна фото сторија ...


сл.33 и 34


сл.35 и 36  Контрасти на едно место

сл.37 Подзаборавената охридска сааткула, иљада седумстоинекоја ...

сл.38 Охридската калдрма. Велам да ја сликнам за спомен, може на некој следен “паметен“ главен архитекта на Охрид - ке му текне да ја извади и оваа, како што еден од минатите главни архитекти ја извади прекрасното камено шеталиште низ чаршијата во Охрид. Не само што ги извади препознатливата калдрма - туку камењата ги продаде во Швајцарија за 11 евра парче ...

сл.39

сл.40

сл.41


сл.42 и 43

сл.44 Со овој познат мотив на стара охридска куќа требаше да заврши постов. Но осем во Охрид сликав и во св.Наум ... во продолжение само ке нафрлам неколку слики од св.Наум и околината - неможев да им одолеам и во овој пост ...

сл.45 Предходно само оваа ноќна фотка од Охрид - ке има цел пост со ноќни фотки од Охрид ...

сл.46 И Охрид има свое бонсаи дрво - го сликав од кола од далеку ми се чини дека е мала круша ... Елешец Охрид.

сл.47  Музеј на вода ... во заливот на коските де ...

сл.48  И Охрид има своја пирамида само што Паско уште не ја открил ... ваква слична има уште на една локација, ке ја држам во тајност - да не се стрчаат нашите “Еѓупци“ да си ги побараат предците/корените де. Којзнае можеби нашите пирамиди се постари од босанските :) ...

сл.49  Најубавата плажа на Охридско езеро Св.Наум ... Убави спомени од младоста ... е да, доказ дека “Ѓупското лето“ во Охрид е добра туристичка сезона ...

сл.50  Манастирски комплекс Св.Наум ... Одлично време за фотографирање, ке има посебен фото запис ...

сл.51  Секој треба да го доживее пловењето со кајче низ светата река Црн Дрим ... да ја слушне тишината и божјиот мир ...

 сл.52 Огледало на Црн Дрим ...

сл.53 Рибарење ... со шум во ушите од вливот на Црн Дрим во езерото ...

Во Охрид бев четири дена - непрекинато сликав. Се вратив со четири гига фотографија од Охрид и Св.Наум. Струга овојпат ја прескокнав. Едвај поглавните локации се влезени во оваа четиридневна фото сесија. Ке излезат барем дваесетина добри фото записи кои во текот на зимата со уживање ке ги кревам на интернет ... Охрид ме виде мене и јас го видов Охрид.

No comments:

Blog Archive

Site Meter