Search This Blog

Thursday, September 03, 2009

И би вториот ребаланс за годинава (кратење на буџетот) ...

Оптимизмот на владата не стивнува ни по второто кратење на огромниот буџет за оваа година, овојпат на владина седница помина крататењето на нови осумдесетина милиони евра наменети за: Повеќе » …..
  • набавка на автобусите - оние двоспратните, тендерот веќе три пати се одложува,
  • изградба на жичарницата од средно Водно до крстот,
  • изградба на проектот Музеј на ВмроДпмне (проектите се одлагаат за една година),
  • се одлага и изградбата на останатите две трибини на Градски стадион Арена Филип Втори Македонски,
  • се кратат некои проекти на информатичкото општество,
  • се одлага набавката на лабаратории за потребите на науката,
  • се кратат платите во администрацијата
  • сеуште важи забрана за нови вработувања во администрацијата, осем за рамковни потреби и за потребите на ЕУ интеграциите
  • натака се намалуваат расходите за патните и дневните трошоци на администрацијата
  • се проектира негативен раст на БДП од 0,6 проценти, со што се напушта високата стапка на предвидениот пораст на БДП од 4 проценти предвидена со буџетот, но сеуште не се прифаќа проекцијата на меѓународните институции и Народната банка дека гдинава ке имаме поболем пад на БДП ... Останува проектираниот висок дефицит од 2.8 проценти ...
И покрај второто кратење на буџетот за оваа година оптимизмот и посветеноста на владата на РМ не стивнува. Тие и понатака замераат на Народната банка и домашните банки дека недоволно помагаат со свои акции за надминување на кризата ... Владата гледа позитивни сигнали во економијата во зголемените нарачки во домашната економија, иако во индустријата сеуште се бележи пад на производството и намалување на работната сила ... Конечно се одвоиа средства за веќе нарачаните авиони за гаснење на пожар и за неколку нови противпожарни возила, проектирани се и нови средства за набавка на лекови потребни во спречување на пандемијата на свински грип ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/LizgalicaLarge.jpg?t=1247307245

И со овој ребалан повторно највеќе страдаа капиталните инвестиции, оние од кои се очекува пдобрување на економската ситуација, оние кои силно беа ветувани во последните два циклуса на избори ... владата ветува дека ке престане да се задолжува кај домашните банки и дека нема да издава обврзници ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter