Search This Blog

Sunday, September 06, 2009

Моите блог приоритети ... Македонски Блог Фоторепортажи - Моја Македонија ...

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=pictures/picture-4637.jpg

Во минатиот пост - Старо Нагоричaне ... Staro Nagoričane - фото и видео ... одговорајки на коментар на tosho machorot, кој запраша „дали би можеле да оствариме ние блогерите една идеја која во моментите додека го листав овој твој пост (иако е малку да се каже ПОСТ за ова што ти си го направил) ми падна напамет, а тоа е секој од нас барем приближно вака убаво да го наслика својот роден крај па од сите тие евентуални постови да направиме една убава интернет туристичка разгледница за Македонија. Е тоа по мене би било нешто посебно, еден вистински придонес на блогерската заедница кон промоцијата на Македонија.“ ... Следеше мојот одговор кој и тука го пренесувам а всушност ги изразува моите блог приоритети: Повеќе » …..

  • Одавна блоговите и другите медиуми кои објавуваат на интернет ја правата сликата за Македонија достапна до сите во целиот свет ...
  • Јас одавна имам зацртано неколку цели, оваа година зацртав дека ке поработам поупорно на неколку проекти и тоа:
  1. - Цркви, манастири, Џамии и останата стара профана архитектура во МК ... Верски обичаи и празници ... каде акцент фрлив на црквите, Манастирите, Старите скопски Џамии, Старата скопска чаршија ...
  2. - Архео-локалитети во МК ... стории ... овие стории се малку запоставени но не се заборавени ...
  3. - Скопје - мои фото стории ... Skopje ... ... секогаш кога ке најдам малку време не го заборавам Скопје со моите фото стории ...
  4. - Акцент секогаш ставам и на фото сториите од мојот роден крај ... овие стории се моја посебна радост, бидејки е посебно чувството да го дишеш воздухот и осеќаш мирисот на својот роден крај. Со ова сметам дека давам мал допринос за развој на оваа неразвиена и погранична општина, општина која е преполна со преубави Цркви и Манастири, со бројни архео локалитети ... не е случајна мојата поврзаност со археологијата Црквите и Манастирите ...

Се` поретко пишувам дневно-политички стории, иако понекојпат неможам да издржам и наместо по политичарите/партиите каде не членувам, го истурам бесот во некој политичко економски пост на мојот блог ...

Да не заборавам да те пофалам и тебе (tosho machorot) и твоите стории за твојот роден крај ... се намноживме блогери кои прават фото стории, се едно дали се за родниот крај или од местата каде одат на излет или на некој гушт ...

Благородна е работата на сите оние кои несебично подигаат фото стории со што се збогатува македонскиот интернет простор ... Сега веќе ни јазикот не е проблем од кога МК јазик влезе во Гоогле машината за преводи ...

Се почесто ме среќаваат луѓе и на улица, ме препознаваат и ми се заблагодаруваат, особено се радовам кога дури и во селото ги гледаат моите фото стории - затоа таму не штедам на фотографија ... за мештаните е посебно задоволство да се видат на интернет, нешто слично како да се виделе на телевизија ... ако размилиш интернетот станува се поважен, често примам и мејлови благодарници за некоја фото сторија . Се изненадив колку луѓе и по селата имаат интернет ...

Да завршам почнав да работам на квалитет на моите постови за разлика од досегашниот квантитет ...

едит ...

Овој дел го додавн накнадно. Се работи за моја стара идеја да поканам неколку блогери кои ги познавам т.е. да упатам јавна покана до останатите блогери од сите блог платформи да направиме заеднички контрибшан блог во кој би ги линкувале фоторепортажите кои секој ги објавува на својот блог ... покасно од сето тоа може да израсне сајт ... Идејата на времето ја видов на еден бугарски блог, тие и мене ме праша дали би можеле моите фоторпортажи да ги објавуваат на нивниот блог. Блогот порано се викаше Пътуване до ...Сега гледам дека оформиле сајт Пътуване до… всушност блог со свој домен ...

Упатувам отворена покана до сите блогери кои имаат интерес да се приклучат на оваа идеја. Посебно сметам на следните блогери, редоследот е онака како ми се запишани на мојата листа на блогови кои ги пратам, оние кои не сум ги спомнал а можат да се најдат на листата нека се предложат самите или нека ги предложи некој друг - листата е отворена за сите независно од која блог-платформа се или пак имаат свој домејн. Можно име би можело да биде Моја Македонија или Македонски Блог Фоторепортажи ...:

2 comments:

Стойчо said...

Здравей Волане, не съм забравил за твоите материали за джамиите (пък ако кажеш „да“ и за черквите в Скопие :-)) – в скоро време ще се появят и при мен и ще ти пратя линк. Поздрави!

(иначе смених урл-то на блога, за да сме по-независими)

Photo Volan said...

Стойчо,

И тогаш и сега ти велам дека може да ги пренесуваш моите фото записи но да ставаш линк до изворот - поздрав.

За почеток одат две верзии на Македонските фото стории

- Моја Македонија - Фото записи на Македонски оди на овој линк http://volan.blog.com.mk/ тука е веќе линкуван и вашиот нов сајт и

- Macedonia - Photo stories - Фото записи со англиска верзија на текст оди на овој линк http://macedoniaphotostories.blogspot.com/

Се е во повој уште, но со тек ке добие поубава форма ...

Blog Archive

Site Meter