Search This Blog

Saturday, September 26, 2009

Точкови - СтароНагорички фраери од крајот на 50-ти,почеток на 60-ти ...

сл.1 Братучет до мајками Цане ...
Крајот на 50-тите меѓу младите во тогаш бројното село Старо Нагоричане (над двеиполиљади жители) се створа потреба и мода младите да имаат точкови. Со нив се патувало до Куманово и Скопје за потреби на одење на школо и работа. Со нив се одело до блиските собори за одредени слави. На нив се качувале и првите девојки. Престижот и потребата биле големи.          Повеќе ».....
Мајками ми раскажуваше дека нејзиниот братучед Цане со кого многу се дружела, неколкиу години постар од неа, во тоа време имал Ќурчиски дуќан во соседното селао Младо Нагоричане, млад, згоден ... поради ќурчискиот дуќан секојпат со полн новчаник често ја возел на разните селски слави и собори. Коњот полека излегувал од мода - точакот надоаѓал ... ја возел до игранките со договор - кога ке му се допадне некоја мома која се фатила во орото, мајками (мангупка) да се фати во орото до дотичната девојка и да и каже дека таа многу му се бендисува на Цане или на некој од другата дружина ... откога девојката ке се согласела со предлогот таа ке климнела со главата кон Цане или односниот беќар ... беќарок тогаш се фаќал за орото и го продолжувало удварањето ... нежно стискање на рацете фатени во орото биле првите сигнали. Тогаш момците се истакнувале плаќајки музика за да го водат орото. Поитрите на тој начин добивале огромни симпатии меѓу момите ...

сл.2
сл.3
сл.4
Полседните три слики се сопственост од пријател на такткоми, со кого заедно учеле столарскиот занает. Ми раскажа трогателна приказна поврзана со таткоми. Некаде во 1957 година пријателот престојувал во станот на такоми со неколку други другари. Такткоми сакал и знаел многу убаво да готви (јаспак од готвење само јајца знам да спржам - но затоа желбата и уката за готвенње поминала кај синот кој го носи името на таткоми ...) ... пријателството било големо - се се споделувало ... Тогаш тој заминал во војска во Битола (во тоа време се служело војска три години) ... Од Битола добил премештај некаде за Србија, патувал со воз се разбира преку Скопје. Таткоми дознал за премештајот на својот пријател и го изненадил на железничката станица во Скопје ...
сл.5  За подлога додека ги сликав стариве слики замолив да користам некои од преубавите крпи и цедалки (се употребуваат кога се меси леб - за да се покрије да стаса тестото ...)
сл.6  Грозјево беше мезе со муабетот ...
сл. 7
Веројатно се прашувате каква врска има последната слика со муабетот во постот. Секако дека има. Тоа е уште еден братучед на мајками овјпат помал од неа Жика (Бумбар) ... Сликата е сликана пред влезот на општината Старо Нагоричане каде што Жика почнал со својата работна кариера, како референт за имотно правни односи ...

Приказната со точковите и вујкоми Жико ја поврзувам со интересна сторија која тој ми ја раскажа додека бев негов гостин во времето кога одев неколку дена во Бањата што лечи рѓу ... Имено и тој бил неколку години гостин во нашиот дом во Скопје додека учел трговачко школо. Кирија не плаќал но со точак секоја недела носел храна од селото Старо Нагоричане до Скопје. Грав, ориз, и останти продукти кои биле на располагање а се произведувале во селското домаќинсктво на дедоми Крсто (брат на дедоми Столе). Храната ја носел спакована во дрвен војнички куфер врзана позади. Некаде кај Арачиново на една надолнина се одврзал куферот а храната се разлетала наоколу. Храна ни денеска не се фрла а тогаш тоа било единствен начин да се прехрани таа недела ... се симнал од точакот, набрзина ги собрал покрупните артикли, дури лесно му било и со гравот. Но мака видел додека во прашината го собирал оризот ...

Кога веќе го спомнав таткоми и точковите и тој самиот имал свој точак. Осем што бил столар и имал работа со столарскиот занает, тој во еден период работел во рудникот Лојане во Куманово. За да не оди пешки купил точак и секојдневно одел и се враќал од Лојане до селото Старо Нагоричане. Рудникот се затворил а тој наоѓа работа во градежна задруга “Нов Дом-Скопје“ ... На работа во задругата го повлекува тетин ми Милан, кој веќе работел како предпиемач во задругата ... Точакот повторно е главно превозно средство на таткоми кој додека не купил стан во Скопје на крајот на неделата се враќал во селото ... Братучедми Новак кој бил мангуп сакал многу да го “јава“ под драм точакот од таткоми ... Упаднал во нерамнина и го пукнал рамот од точакот истовремено искривувајки го предното тркало. Со плачење и страв дека ке биде натепан го донел точекот дома. Таткоми само го погалил по главата и му рекол - да си ти жив и здрав а точак ке га поправимо ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter