Search This Blog

Thursday, February 11, 2010

Триумфирање на власта … Чуму дебата за нешто што е веќе започнато со реализација

https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEi3SQuCJxxTCtyvw0VGha4D1L5z9buylUAE3IJsY-g6PVli3pssTnyiuAI4-kcciTvSB2YQIdSV-kVGJg-OeIAqztZ67V83eLvEY2D9wXz4ZZJER88ubQnfM3s8T8a16DY_IoeXhw/s400/%D0%A2%D1%80%D0%B8%D1%83%D0%BC%D1%84%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0+%28Small%29.jpg
Скопје 2014 пробуди дебата насекаде. До еден процент секоја година (до 2014) Македонецот ке одвојува од годишниот буџет за да се изгради нечив сон кој не е ни досонуван. Власта се однесува како сите животни кои ке завладаеат со некоја територија – замочуваат на секој ќош за да останатите знаат дека тука владее тој што замочува. Така и нашава власт замочува на секој агол се и сешто во стилот овде споменик, таму музеј, овде лад …        Повеќе ».....


Сите кои малку критички размислуваат пишаа за своите размисли, се отвараат дебати за и контра. Но чуму дебати – власта се оглушува на неа/нив и во одговорите прави уште една поделба. Оваа власт страна најстручна за разно разни поделби на Македонците, за поделба на власта на специфичен начин со албанскиот партнер на власта. Оние кои доаѓаат на дебатите не одговараат на шкаливите прашања, велат дека за тоа не се запознаени. Ги слушам неколкуте утрински емисии каде се јавуваат едни исти луѓе, како да се професионализираа за про едн контра. Веројатно за такви про еднд контра ги сметаат и оние кои пишуваат во медиумите па и во блоговите т.е. новите медиуми.

Власта проектот го обмислила и проценила дека тоа за неа ке донесе највеќе бодови на некои наредни избори. Цврсто стои на остварувањето на оваа и сите останати идеи. Не ги решава, ниту се обидува да ги реши најтешките прашања – тоа се меѓународната положба на Македонија и ЕУ и НАТО интеграциите, не ги решава економските проблеми и невработеноста. Како да уживаат во својата улога на трошаџии на заедничките пари во остварувањето на своите хирови. Мава со камшикот на власта по оние кои не платиле од она што они легално го зацртале како данок, казна …Градат дури и триумфална порта за да може да се сликаат под неа, дека ете тие се тие што триумфираат – сите ние останати сме губитници. Тие ја извојувале победата (со смо 30 процентна подршка од народот/електоратот) и ете законот им дава право да триумфираат, да слават. На нас кои не им е до славење чарето ке си го бараме на друго место.

Ако ги стигне казната таа може да ги стигне само на избори и по изборите. Првите редовни се по некои две години и кусур, не верувам дека ке се одлучат на предвремени. Па Македонци, мислите кога бирате а сега трпите – се разбера не морате и да траете бидејки ве боли. Си заслуживте онаква власт каква што си избравте.

No comments:

Blog Archive

Site Meter