Search This Blog

Wednesday, February 03, 2010

„Лустрацијата“ на новинарите продолжува – „непријатели на државата“

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/8320738573B6974188542E1797BD32C4.jpg http://www.facebook.com/profile/pic.php?oid=AAAAAQAQ6AKC8aO2sAYF0pUcrSLb8gAAAAnkRik-x0T82SQeiPqfw-QS&size=normal
„Лустрацијата“ на новинарите продолжува – овојпат на мета се троица новинари: Бранко Ѓорѓевски и Светлана Јовановска од „Дневник“ и Слободанка Јовановска од „Утрински весник“. „Лустратор“ овојпат према пишувањето на посочените новинари е Златко Јанковски, портпарол на Секретаријатот за европски прашања – кој својата оценка дека овие троица новинари се: „непријатели на државата откако го прочитал текстот посветен на реакциите на законот за антидискриминација, објавен на интернет-порталот „ЕУ Обзервер“ (EUobserver) на медиумската групација ВАЦ, …            Повеќе ».....

Еве линк до „инкриминираниот напис“: Macedonia’s lack of tolerance. Во написот новинарите изразуваат свое видување дека во Македонија недостасува толеранцијата, повод им е Законот за заштита од дискриминација – посочувајки дека во Законот не се спомнуваат како дискриминирана групација геј популацијата, т.е. во сегашниот предлог на законот била избришана „сексуалната ориентација“ на граѓаните како можна основа за нечија дискриминација.

Ова особено е забележано од активистите Славчо Димитров од НВО за заштита на маргинализираните луѓе и Кочо Андоновски активист за човекови права. Имаше една дебатна емисија на А1 која не ја проследив до крај но го проследив делот каде Кочо Андоновски се запрашува дали со ова власта ја прогласува оваа мајргинализирана група за „болно“ тело кое треба да се одстрани. Слободата на сексуалната орјентација е со висок приоритет на заштита во законодавството на САД и ЕУ – отаму и силата на аргументите на оваа групација.

Јас лично не ја пратам состојбата на нивото на човековите права на маринализираните групи, но приметувам дека во Македонија има две гупи на луѓе кои се бават со оваа проблематика. Едните се оние кои заштитнички се однесуваат кон маргинализираните групи, особено ромската и геј популацијата. На база на таа НВО активност користат бројни фондови од ЕУ. ЕУ фондовите и разните фондации нивната активност ја поага со финасиски средства. Втората групација е таканаречената „хејтерска“ група на луѓе кои особено се присутни во делот на кроењето на политиките на сегашната власт – која користи одредени новинари и свои активисти за да се исмејуват со геј популацијата а со тоа ги маргинализираат. Моето човечко мислење за оваа група на луѓе ми е сеуште недефинирано. Од една страна неможам да ги сватам – бидејки немам ниту пријател ниту поблизок или подалечен член во фамилијата со ваква орјентација. Пу, пу, пу … искрајно речено и самиот не сум им наклонет. Го сметам за неприроден чин, „грешка на природата“ би рекол.

Но да се вратам на темата на постот. Во приватна меил комуникација Златко Јанковски напишал на својата меил листа:
  • Почитувани, ова мора да го видите. Типичен пример како работат непријателите на Македонија. Прочитајте го текстот, кој изобилува со левичарска идеологија и кој зборува против државата. Сами си ја оцрнуваме пред цела Европа. Ова е страшно. Ова покажува на што се’ се спремни и што се’ ќе направат за да се вратат на власт! Инаку не е прв пат истите автори да пишуваат вакви текстови, замислете. До каде и колку треба да се уништи сопствената држава за свои лични цели и за целите на политичарите од транзицијата! Срамота!
  • Горново лично мислење на Златко Јанковски било пренесено во многу дискусиони групи и особено на Фејсбук, за на крај посочените новинари „непријатели на Македонија“ во денешен Дневник напишат реакција – Откриени државни непријатели
Во една верзија на законот која ја најдов на интернет вака стои кои се маргинализираните групи, поточно во член три:
Веројатно во сегашната предлог верзија е одстранета сексуалната орјентација како основ за дискриминација. Само да приметам дека во народот на овие балкански простори геј популацијата не е омилена. Напротив таа е омразена. Неколку пати геј активистите при обидите за правење на геј парада беа дочекани на нож од мнозинството на луѓето. Ова обилно се користи политички да се поентира кај народот кој е и гласач. Така десноорјентираните политички партии кои се моментално на власт не пропуштаат прилика да нагласат дека подржувачи на геј популацијата (меѓу народот попознати како педери) секојпат се левоорјентираните партии. Сите кои се против градбата на цркви – особено онаа во центарот на Скоје веднаш се етикетираат дека се геј припадници.

Постов не е подршка на правата на геј популацијата. Постот е подршка за новинарите кои имаат право на слобода на израз и пишување за теми кои нив им се гледаат интересни. Заради нивно пишување и изразен став несмее да се прогласуваат за “непријатели на државата“.

No comments:

Blog Archive

Site Meter