Ке се види колку човек фирми станаа луѓе и кои се. Ке се види како се уништија големите четири градежни компании (вработуваа 50 иљади Македнонци) за да се створат иљадници сателит градежни компании кои немаат ни еден инжињер а градат големи проекти. Предузимачите и палирите станаа добитници на државни тендери. Како ли градеа, со кои стандарди. Едно време никој не сакаше да купува станови од ваквиве сателит градежни фирми.
Ке ги видиме и имињата на оние кои одлучуваа кој ке ги добие тентерите. Покрупните ке одат во длабинска анализа. Шпекулација е дека во многуте тендерувања ке се најдат непотизми и корупции. Ке гледаме некои нови спектакуларни апсења. Ке видиме кој ги менување дуповите и гуповите, по желба на кого. Птиците ке пропејат. Чудно ниеден новинар не ја истражува оваа тема.
Жа жал тоа нема да ни ги врати изгубените години на развој кога можевме да се измакнеме од транзицијата и бедата која не снајде. Ке станеме транзициони старци. Родени и остарени во транзиција. По дефиниција транзицијата било која - треба да заврши за десетина години. Ке градиме ли нов музеј на жртвите од транзиционите власти, ке спроведуваме ли нова лустрација во периодот на транзицијата ... или едноставно ке се направи место во сегашните музеи рушејки ги сегашните поставки. Така падна Сталин, така скоро падна Хусеин, така паѓаат некои афрички владетели и суверени. Не е случајно што на многу меѓународни рејтинзи позициите ни се исти со афричките држави. Кредитите земени од сегашните власти долго време ке треба да ги враќаат идните генерации а не изградија ни километар автопат, ни километар пруга, ни еден посериозен енергетски капацитет ... единствено што градеа е транзиционата магла.
- Редефинирање на улогата на државата – Државна транзициона управа
- Држава на одредено време
- Државен социјализам или транзициска беда
- Буџетот и изборите …
- Личен стечај … Држава по мерка на богатите и моќните … транзицијата продолжува
- Транзиција во криза – подлабока и продолжена рецесија
- Економска транзициона лустрација … економски транзициони профитери …
- Ке се најде ли јунак да ја исправи МК транзиција …
- Лет во место на политичките и економските процеси во МК … Градиме – разградувајки, стооејки во место, враќајки се наназад …
- Нова бирократска фабрика … на местото на некогашната новинарска фабрика … процес на јадење на државата одвнатре …
- Буџетот е за да се троши … шминкерска изјава на Груевски … ке се случи ли економско чудо …
- Музеј на жртвите од транзицијата …
- Годинава дефинитивно погребување на малото стопанство … Граѓанинот, малите фирми со опростување станаа ем еб*ни им должни …
- Колкав е бројот на вработени и невработени лица во РМ и каква е нивната структура …
- Наместо буџетот да се користи за развој – парите се трошат за споменици и плоштади, за полиција и администрација …
- Заврши ли “едноумието“ … што систем имаме сега ?? … систем на перфидна манипулација на демократските процеси …
- Даночна политика … одговор до zidarski …
No comments:
Post a Comment