Дека нема потреба да се вратиме во времето за да ја раскажеме старата приказна за “Кадија те тужи, Кадија те суди“ – доволно е да видиме каква е суската практика во Макеодина т.е. кој ги бира судиите и има ли независност во нивното работење. На кого му даваат отчет суиите. Се разбира на оној кој ги плаќа т.е. поставува и истовремно им ја контролира работата. Повеќе ».....
Еве го мотивот за овој напис:
Еве го мотивот за овој напис:
- 3 Министерот за правда Михајло Маневски не ги признава резултатите од анкетата за независност на судството што ја правела ОБСЕ. Не признава дека судиите се жалат оти власта ги притиска. А во анкетата на ОБСЕ, замислете, судиите изјавувале дека Судскиот совет не е независен орган, чувствуваат притисоци од партиите и од Владата и сметаат дека министерот за правда не треба да биде член на Советот.
И Здружението на судии застана зад изјавите на Маневски. И од таму велат дека немале верба во истражувањето на ОБСЕ. И најавија дека ќе прават своја анкета за да докажат дека судиите работат без притисоци.
Во право е министерот Маневски што не ги признава анкетите на ОБСЕ. Затоа сам ќе ги анкетира. Додуша не – сам, ама преку Здружението на судии. А потпретседателка на Здружението на судии, види чудо, уште била неговата сопруга Филимена Маневска. Бидејќи е пензионерка, може да $ дадат дополнителна работа. Таа да биде главен анкетар од име на независното Здружение на судии. Таа лично да оди од судница до судница и анонимно да ги анкетира судиите. Да ги праша дали мажот и` им врши притисок.
Потоа резултатите од анкетите ќе одат во Судскиот совет, каде што член е министерот и сопруг на анонимната анкетарка. За тие судии кои не одговориле како што треба, министерот ќе даде препорака за сменување. Ама, бидејќи останатите членови на Судскиот совет имаат свое “Јас”, сигурно ќе го одбијат неговиот предлог.
No comments:
Post a Comment