Search This Blog

Friday, February 12, 2010

Се напушта ли концептот на рамно оданочување ?

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/113A64951E2BB34891325CA8B438C1CB.jpg
На дневен ред на Владата на РМ во завршна фаза е изработка на нов правилник за плаќање на акциза за увоз на возила. Се напушта концептот на одредување на акцизата спрема кубикажата на возилата – се одбира моделот кој го има и во други земји, наплаќање на акциза спрема вредноста на увезеното возило.               Повеќе ».....

Имено за половно и за ново возило што чини:
  • до 3.000 евра нема да се плаќа акциза,
  • за автомобилите од 8.000 до 11.000 евра оваа давачка ќе чини 2,5 отсто.
  • од 17.500 до 21.000 евро ќе изнесува 12,5 отсто,
  • за луксузните возила што чинат над 35.000 евра – 20 отсто од влезната цена.
  • Грубите пресметки покажуваат дека со новиот модел ќе се намалат акцизите за возилата што чинат до 13.000 евра, додека за поскапите возила ќе бидат два или три пати повисоки од сегашната давачка. На пример, за возило со мотор од 1.400 кубици и влезна цена од 8.500 евра, новата акциза ќе биде за 31 евро пониска од таа што сега се плаќа. Но за возило со мотор од 1.600 кубни сантиметри и влезна цена од 19.000 евра, акцизата ќе биде за 900 евра повисока од сегашната.
  • Освен промена на акцизите, Министерството за финансии ги намали и царините од два на еден отсто за автомобили произведени во Европската Унија и од 10 на пет отсто за тие произведени надвор од ЕУ.
Во што е трикот. Навикнати сме од оваа Влада дека кога нешто ти дава на една страна на друга ти зема, за да на крај остане фифти фифти или она што оди во буџетот е малку повеќе од порано. Сето се рекламира дека се намалуваат давачките но вистината е дека давачките се исти или поголеми кон државата. Веројатно Владта приметила дека драстично опаднала потрошувачката на бензините и другите горива кои се употребуваат за задвижување на автомобилите и возилата воопшто, истото го гледам и јас кога ке погледам на паркингот пред зграда – многу малку возила се движат од паркингот. Да подсетам и кога купуваме гориво за возилата има акциза. Со увозот на голема количина на возила, најпрвин
  • ке се наплатат трошоците за регистрирање на возилата,
  • ке се легализираат и возилата со бугарски таблички,
  • но најглавно од се е дека ке се зголеми потрошувачката на горивата (акцизна стока)
  • тоа индиректно ке значи и задвижување на стопанските текови.
Се на се`, ваквата одлука ја оценувам за добра.
Е да, во врска со она што го најавувам во насловот – бидејки тука имаме скалесто оданочување имаме концепт на напуштање на рамното оданочување. Злобниците велат дека оваа мерка е поврзана со одоброволување на средната класа да го дава гласот за сегашната власт, демек бил предизборен трик.
  • Акцизите се данок со кој се оданочува потрошувачката на едно или на неколку добра, како што се тутунските производи, алкохолните пијалаци и нафтените производи.
  • Постигнување соодветна прераспределба на доходот преку оданочување на луксузните производи, со што оптоварувањето би било поголемо кај лицата со повисок доход. Со други зборови, акцизите би се користеле како инструмент за подобрување на вертикалната правичност во оданочувањето. Ова особено важи за држави во чии даночни системи директните даноци не се прогресивни
  • Можно е и користење на акцизите во доменот на економската политика со цел да се влијае врз потрошувачката на точно одредени енергенси или за друг вид производи и слично. … *** Во случајот се намалуваат акцизите за увоз на возила но ке се зголеми приходот на акцизата за потрошеното гориво.
  • Во следнaте табелa се прикажани износите на акцизите по производи во Република Македонија:
Артикал Акциза
Минерални масла Специфична акциза
1.Моторен бензин

-со содржина на олово повисока од 0,013г/л и авионски 24,396 ден/лит
-безоловен со содржина на олово до 0,013 г/л 21,692 ден/лит
2.Гасно масло

-како погонско гориво за греење 12,121 ден/лит
-како гориво за греење 3,136 ден/лит
3.Течен нафтен гас

-како погонско гориво 4,9 ден/кг
-како гориво за греење 4,876 ден/кг
4.Керозин

-како погонско гориво 9,00 ден/кг
-како гориво за греење 1,8 ден/кг
5.Масло за ложење 0,100 ден/кг

Пропорционална акциза
6.Масла за подмачкување

-минерални масла 7 ден/кг
-препарати 22 ден/кг
Алкохол и алкохолни пијалоци Специфична акциза
1.Пиво 3 ден. по л/степен на алкохол или 1,25ден. л/степен екстракт
2.Вино 0 ден./литар
3.Други [[пенливи пијалоци] 0 ден./литар
4.Други непенливи пијалоци 0 ден./литар
5.Меѓупроизводи 300 ден./литар чист алкохол
6.Етил – алкохол 300 ден./литар чист алкохол
Тутунски добра од 1.01.2006 до 31.12.2006 година Комбинирана акциза
1.Пури и цигарилоси 1,35ден. по парче и 0% од малопродажна цена
2.Цигари 0,07 ден. по парче и 34% од малопродажна цена
Патнички автомобили Специфична акциза
-до 1000 цм3 0 денари
-од 1000 до 1500 цм3 15.000 денари
-од 1500 до 2000 цм3 74.000 денари
-патнички караван 90.000 денари
-од 2000 до 2500 цм3 160.000 денари
-патнички караван 180.000 денари
-од 2500 до 3000 цм3 330.000 денари
-патнички караван 360.000 денари
-над 3000 цм3 470.000 денари
-патнички караван 550.000 денари

No comments:

Blog Archive

Site Meter