Search This Blog

Tuesday, February 09, 2010

Зошто блогирам - кои се целите на моето блогирање (одговор на Зидарски)

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/2c0f391d.jpg
Во предходниот пост и во некои други постови Зидарски аргументирано ме уверува дека моите ставови за социолно-политичките процеси во Македонија треба да ги усмерам во некоја политичка партија (да организирам референдуми) за да преку учество во власта допринесам за смена на социјано политичкиот живот во Македонија. Неколку пати до сега јавно укажувам кои се целите на моето блогирање, ке ги повторам и на овој пост:
Целта на моето блогирање е повеќеслојана.               Повеќе ».....

  • ми служи мене за да ми олесни на душата како што велиш (Зидарски). Во еден пост тоа го имам објаснето.БЛОГ – зошто блогирам
  • служи на моите пријатели и фамилијата да ми ја следат душата и мислата
  • во делот каде се бавам со политичко економски и социјални теми треба да им служи на позицијата, за да ги видат искрајните критики од обичен народ нечлен на ниедна партија - зошто да не и на опозицијата за да преземат некои од аргументираните критики и преку опозиционо дејствување во органите на влста вршат корективна улога на власта (што е основна цел на опозицијата во периодот меѓу изборите)
  • на времето Ленин кога ја униптил опозицијата барал таа да се створи повторно за да видат каде грешат, за да можат да ги корегират грешките. Апсолутната власт е слепа, нетранспарентна, апсолутно корумпирана – но и глува. Прашање е дали сака да чита критики или само гледа во своето огледало кое на нивното прашање кој е најубав на светот - стално им вели „ТИ,ТИ,ТИ“ ...
  • служи на социолозите и политиколозите кои читајки многу вакви мислења вкрстуваат и прават научни анализи на политичките и социјалекономските процеси. Една таква анализа е веќе направена но не е објавена сеуште на интернет. Мојот блог завзема големо место во таа анализа, ја добив на меил.
  • им служи на новинарите од истите причини, поради долгата архива и специфичното долго линковско следење на исти теми …
  • помошна цел на моето блогирање е на интернет да подигнам фото стории од местата кои ги сакам а представуваат културно историско наследство или представуваат природна убавина во Македонија.
  • ми служи за да правам своевидна мала хроника (дневник) на актуелните случувања во Македонија …
Целта на моето блогирање не е превземање на власта, ниту учество во некоја партија – бидејки лично имам оценето дека поради моите специфични слабости секојпат да ја зборувам вистината која ја гледам ивав некојпат и би имал во иднина проблеми во политичкото здружување и активност.

1 comment:

Anonymous said...

Здравствуйте уважаемые участники volanskopje.blogspot.com! Очень хороший форум в этом месте!
Вчера наткнулся на любопытное место с классными текстами. Разные переведённые иностранные темы касательно вообще. Например: [url=http://computer-base.ru/node?page=35]Любопытные тексты от английских книг[/url]
Почитайте иностранные тексты - люди трудились переводили тысячи текстов!

Blog Archive

Site Meter