Search This Blog

Monday, February 08, 2010

За вкусевите/невкусовите не се дискутира, но ... соновите на Груевски коштаат бајаги

Распеан Александар ... дигнат на висок пиедестал околу кого во ритам на разни мелодии ке блика водата од водоскокот, сето чувано од лавоите и гордите МК воини одсликани во битки кои биле освојувачки и поробувачки

За вкусевите/невкусовите не се дискутира, но кога нечив вкус/невкус е на терет и на мојот/нашиот џеб, за таквиот вкус/невкус и те како се дискутира. Трошењето на еден процент од буџетот на државата и тоа перманентно во наредни неколку години, не е ни дефинирано колку - е проблематично особено за нашите „гладни“ стомаци.                Повеќе ».....

Груевски и неговата партија претераа со своите нереални соништа и бесмислено се обидуваат да ни продадат дека е тоа вистинскиот пат за излез од кризата, која е длабоко политичка но и економска пред се. На сето тоа таканаречената антиквизација не е симната од врвот на топ приоритетот на оваа власт предводена од Груевски и ВмроДпмне. Антиквизацијата (со имешани стилови на Скопје кое никојпат немало такви стилови) која ги иритира сите нејзини противници како внатре во државата така и надвор, особено грчката страна која на база на нејзините стравови дека и се загрозени националните интереси и територијалниот интегритет не држи како заложници во оневозможниот процес на Евро-атланските и ЕУ интегративните процеси.

Врвот на „гротеската“ е дека сето ова било запишано во „библијата“ на ВмроДпмне нивната преродбеничка програма од сто чекори надградена и проширена, дека за нив тоа е доволно за да ја спроведуваат оваа налудничава програма за ново сон-сонувано Скопје. Безобразно е сега да се тврди дека овој процес бил транспарентен процес, дека за него имало јавна дебата (кога), дека се консултирани стручњаци од градежната фела (кога, како и кои...), дека дел од него (сонот на Грујо и компанија) не е дел од Владин концепт туку дека е дел на одлуки на локална самоуправа на Општина Центар, на која пак и е „издиктиран“ овој сон и која вели - тоа е така бидејки Владата е инвеститор а ние (Општина Центар) сме само спроведители на нарачката на сонот на „инвеститорот“. На крај велат лицемерно велат ние сме отворени и за Вашите идеи !!

Се` (демек) изгледа легално и транспарентно, но се` е дефакто легално нетранспаретно. Скопјани и цела Македонија ке треба цел живот натака да живеат со нереалните сништа на „вождот“ за грандиозен споменик (само на будите се граделе такви мономенти) на личност од историјата кој никојпат не стапнала на територија на Скопје, да поминуваат низ вождовата триумфална капија, која во историјата на Скопје е позната само од османлискиот период кога во Скопје на пропатување стапнал Султанот и во негова чест е изградена триумфална порта кај старата железничка станица на влазот на улица Македонија пред тогашната железничка станица.
http://www.zazabava.com/images/sliki/ulica_makedonija_1910_1.jpg

На секој чекор низ центарот на Скопје скопјани во иднина ке мора да се судруваат со избликот на импозантно споменикување на мртвите заслужни Македонци градени врз плеќите на сегашните и идните Македонци, кои се соочуваат со најголемата економска беда во својата историја.

Сето ова е подржано од гласноговорниците, платени и неплатени од никого кои велат - тој (вождот) на база на ваква програма легално доби двапати избори и има право и обврска да ја исполнува програмата. А ние кои велиме дека ова не ни се допаѓа можеме само да гледаме и да ќутиме, бидејки ако критикуваме дека ова е невкус и дека е залудно трошење на пари кои ги немаме, пари кои се земаат како странски кердити на грбот на идните генерации Македонци - на нас ни се вели отворено и дрско ако не Ви се допаѓа одете си, напуштетеја Македонија, како којзнае од каде да сме дошле, веројатно со нивните мајтапни цевчиња преку Дунав. Забораваат дека ова е и наша татковина и дедовина и имаме легално право барем да офкаме бидејки боли сега а ке боли долго и во иднина.

Процесот на исилено градење на споменици секојат е проследен со нов процес на рушење на исилените споменици. Скопје е познато по многу споменици кои се срушени во некои следни историски процеси. На сличен начин се палат сликите од албумот кога ке се прекине љубовната врска - разликата е во тоа што кога се однесува за нашите слики кои ги кинеме/палиме несакајки да се подсетуваме на дел од нашиот интимен живот тоа никого не го кошта (осем самите нас), тука сето ова се спроведува со наши заеднички пари.

3 comments:

Anonymous said...

Neznam zosto odma ti e odbiven spomenikot na aceta,bas ke lici nasred Skopje,baska i oficirskiot ne ti se dopagja,pa zarem ne ti vraka spomeni i super ke lici kejot so nego i so site pomali pridruzni spomenicinja,lavcinja,konjanici .... e sega za crkvata tuka e malku diskutabilno ali za ovie pogornive,batka gresis dusa i ti znaes samiot ama pogolemao ti e "nesakanjeto" kon VMRO .... i tuka nema pomos ....ic be batka nemas pozitivna energija ...

Photo Volan said...

Ептен ме бендисаа врбите во жален Вардар.

obrazovan gragjanin said...

anonimen, a shto ima vrska sakanjeto na VMRO-DPMNE so toa dali mislam deka treba da se stavi Aleksandar, srpskot Oficerski dom (naglasuvam srpskiot oti, neli, do pred nekoja godina vie bevte protiv se' shto e srpskoi me chudi od kade sea taa ljubof???!!!). Popatno, ne samo tie shto studiraat arhitektura, ne samo profesionalcite, tuku i tie shto od opshta kultura se razbiraat vo stilovi, estetika i sl. znaat deka osven zgradata na Narodnata banka, zgradite na Oficerskiot dom, na teatarot NEMAA nikakva arhitektonska VREDNOST. Togash zoshto trebashe da se obnovuva neshto shto nema vrednost? Potoa, da li e normalno da izgradish zgradi na ZIDOT na kejot (bedejki nema mesto pomegju kejot i bankata) i da ne ostavish mesto za dvizhenje pokraj rekata, shto se podrazbira, samo od sebe???!

Blog Archive

Site Meter