Долго време ги пратам рејтингувањата во Македонија кои се прават за партијски потреби. И последново рејтингување нарачано од ВмроДпмне (Институтот Павел Шатев, кој е изработувалч на последната анкета е основан од ВМРО-ДПМНЕ за свои потреби) повторно покажува дека политичарите и политичките партии во Македонија се со мал процент на доверба кај МК гласач. Повеќе ».....
Имено на прашањето од горната слика во кој МК политичар имате доверба највисоки 33,5 проценти се изјасниле дека не веруваат во ниеден политичар кој е моментално актуелен. Ако на оваа бројка се додат колебливите кои незнаат за кого би гласале во моментот а тоа се крупни 18 проценти, ке дојдеме до поразителна бројака за МК политичари дека во моментот 51,5 проценти немаат доверба во ниеден МК политичар. Процентот на недоверба се зголемува – примерно на 20 декрмври 2009 та македонците се изјасниле дека не би гласале за ниеден политичар во вкупен процент од 47,9 проценти …
(26,7 проценти не би гласале за ниедна партија, а 29,6 отсто не знаат или немаат одговор – значи вкупно 55.6 проценти немаат доверба во ниедна партија која е активна во моментот). Слична е состојбата и со прашањето која МК политичка партија е со најголема доверба – повторно највече Македонци сметаат дека ниедна од понудените партии не ја заслужува нивната доверба. Процентот на недоверба се зголемува – примерно на 20 декрмври 2009 та македонците се изјасниле дека не би гласале за недна политичка партија во вкупен процент од 51,8 проценти …
Го боли ли некого глава дека оние што се на власт немаат подршка ниту од половина од електоратот. Не, тие благодарение на неизлезноста на гласачите владеат со Македонија со скромни проценти, во однос на вкупниот електорат. Тие мирно си ги трошат своите моменти на власта, моменти во кои се насладуваат со трошење на парите на граѓаните прибрани во буѓетот.
Некои од ова ке заклучат дека е време за трета опција во Македонија. Но такво време неможе да биде дојдено бидејки изборниот систем е таков да се фаворизираат големите политички партии преку високиот процент на прагот за да влезеш во Собранието/Парламентот. Ова одлучно го бранат поголемите четири партии во Македонија.
Ваков пад на рејтингот на сите МК политичари и политички партии нема да биде забележан/акцентиран од медиумите кои ги контролира позицијата и опозицијата, што покажува дека тиее имаат иста цел да не се јави трет играч на сцената.
Курто и Мурто ке продолжат уште долго да не јаваат …
- Груевски и ВмроДпмне владеат апсолутно со само 25 проценти од гласачкото тело … Поделба на изборн.колач меѓу Курто и Мурто …
- Рејтинг битка – секој му верува само на своето огледало …
- Рејтинг овојпат на Институтот Павел Шатев
- Нов рејтинг – нарачан од „една амбасада“ …
- Нова анкета … Плати ми, за да ти кажам колку си убав …
- Манипулација со изборна анкета на ИРИ … Кој ја нарачува и плаќа анкетата кај ИРИ …
- За нерачите на рејтинзи … за бројачите на гласовите … за местенките …
- РЕЗУЛТАТИ И АНКЕТИ
- Рејтинг на Агенција Рејтинг
- ЛАЖИ МЕ … Задолжување како стил на владеење …
- Може ли поразот да се претвори во победа … “ПРОЦЕДУРАЛНА“ ДРЖАВА …
- Патот на Македонија … во деновите потоа …
- Рејтинг на Агенција Рејтинг … за да нешто биде вистинито мора да се повтори од повеќе усти … во случајот повеќе рејтинг агенции … Агенцијата Рејтинг (се сметам за вичен за пребарување на интернет, но не можев да и ја најдам интернет страната), за која првпат слушнав на последните вонредни парламентарни избори …
- ГРУЕВСКИ – работи на својот рејтинг
- Влада – отворена седница … Груевски пи-ар …
- Нова анкета … Плати ми, за да ти кажам колку си убав …
- Манипулација со изборна анкета на ИРИ … Кој ја нарачува и плаќа анкетата кај ИРИ …
- За нерачите на рејтинзи … за бројачите на гласовите … за местенките …
- Оној ден кога Курто и Мурто ке се договорат да и тргне на Македонија а не на нив … ке ни тргне со страшно брзи чекори …
No comments:
Post a Comment