Сите горни три фотографии се мои и неовластено без мое одобрение се најдоа во три различни написи во интернет и во печатените изданија на Нова Македонија. Повеќе ».....
Нова Маедонија е комерцијален весник и работи за профит. Што се однесува до мене веќе третпат приметувам како дрско го крадат мојот труд не наведувајки ниту елементарен податок дека фотографиите се мои. Не ми останува ништо друго, ке морам да тужам. Овојпат нема да им простам – не им простив ни првите два пати но овојпат ке тужам за сите три фотографии кои се мои. Веројатно има и други мои фотки кои се украдени но јас не сум ги забележал. Како беше она еднаш може да ти згрешат и да простиш, вторпат ако ти згрешам може ама само ако не приметиш – но по третпат ако ти згрешат тоа значи дека те прогласуваат за глуп.
- Првпат ми украдоа фотка за нивниот напис “Странците не можат да стигнат до Музејот Македонија ни со сателитско наведување“. број 21693 | четврток 21.5.2009. Кражбата ја приметив и реагирав со соодветен напис на мојот блог “Нова Македонија “позајмува“ мои фотографии …“ … мај 22, 2009
- Вторпат ми украдоа фотка за нивниот напис “Скопската бонсаи-градина идеално место за медитација“. број 21694 | петок 22.5.2009. Кражбата ја приметив и реагирав со соодветен напис на мојот блог “Нова Македонија “позајмува“ мои фотографии …“ … мај 22, 2009
- Третпат ми крадат фотка за нивниот напис од денеска “Археолозите работат на црно“ број 21993 | петок 28.5.2010
- Крадење на авторски права – расправа меѓу традиционалните и новите медиуми
- ЛИНКУВАЊЕ ВО ВЕСНИЦИТЕ … Значи можело да се линкува … а со ова се покажува и воља за тоа … Само уште на Шпиц да му текне – дека има треба да линкува кога презема напис од блогери … … Вечер се прослави со кражба на еден од подобрите написи на еден наш блогер … Не само што не линкуваше – туку го стави написот и тоа на насловна …
- НОВИ МАКЕДОНСКИ ПАРИ … авно прашувам – зошто дневниот печат не линкува извори … ??!
- Нова Македонија “позајмува“ мои фотографии … Во денешниот напис на Нова Македонија – Скопската бонсаи-градина идеално место за медитација новинарката Радмила Заревска за да го илустрира својот напис се послужила со една моја фотографија која ја објавив на мојот блог на постот Бонсаи градина – Скопје, кој го објавив на 24 Февруари, 2009 (види ја фотката во мојот пост под реден бро 6).
- Уште една “позајмена“ фотографија, вез наведување на извор. … МИА за потребите на својот напис Од полноќ Македонците без визи во ЕУ користи постер кој го изработивме јас и мојот син графички дизајнер. Овој постер е дел од неколку постери кои со синот ги изеаботивме за потребите на студентските и младинските протести со кои се бараше укинување на визниот режим.
- Утрински “позајмува“ фотки од БГ блог … без да линкува … Како и што предпоставував Утрински пиша напис – Софија бара Бугарите да влезат во Уставот … и позајми две фотки од БГ блог наведен како извор на мојот пост … за да нема забуна го прашав изворот – дали се тоа фотки од негов фото апарат … ми беше потврдно одговорено … … Да биде случајот со позајмување на фотки побизарен истото се случува по вторпат за релативно кратко време … Имено имав напис за Саемот на Книгата во Софија … каде го цитирав истиот блог како извор … тогаш Дневкик “позајми“ слики од истиот блог … еве тука потврда … … Знаеме дека новинарството е скапа професија и дека не можете да плаќате дописници … знаеме дека интернетот и блоговите Ви се често извор и инспирација за написите … но барем бидите поштени … линкајте …
- Медиумите бараат спас во наплата за користење на нивните интернет содржини
- Крај на печатените медиуми – за десетина години …
- Интернет – читатели …
- Блогот и меинстрим медиумите (весниците) – во светот и кај нас …
- ЛИНК … ЛИНКУВАЊЕ … Блог … Интернет
1 comment:
Подршка во твојата борба за истерување на правдината. Позз
Post a Comment