Двете Влади на Груевски досега ги остваруваат највеќе оние ветувања пред кои можат неколкупати да се сликаат. Неколку пати додека најавуват дека нешто ке изградат, неколку пати додека нештото се гради и се разбира гранде сликање кога нешто ке се пушти во употреба. Се едно дали е тоа селска/маалска чешм, локален пат, „слободна економска зона“, реконструкција или изградба на некое школо, набавка на … Сликањето се разбира е наменето за потребите на рејтингувањето. Неколку пати во изјавите на видните водечки личности на владеачката партија на прашањето зошто се гради некој објект да речеме оние во центарот на Скопје – одговорот гласи, за да можат граѓаните и особено странците да се сликаат пред објектите кои се планираат за градба. Имаше дури тврдења дека таквите објекти ке бидат профитабилни, ке го зголемат туристичкиот прилив и така натаму. Не е важно што слични такви објекти има низ Скопје а истите се запуштени и руинирани, полни со смет, со ударни дупки во околните патишта … Повеќе ».....
На нас граѓаните не ни останува ништо друго туку „да се сликаме“ чекајки го подоброто ветено утре, подобриот стандард, повеќе вработувања, подоброто здравство и школство, праведното правосудство, внимателната полиција и слично.
За луѓето од власта осем сликањето – во мезе имаат и лагодно трошење на буџетите, слаткото делење на тендери, коруптивните зделки и бизнишчиња, непотизам и слични појави – од што преку ноќ се изродуваат нови сопственици на бесни коли, куќи, викендици и лагоден живот. Е да, сето ова е возможно поради познатиот феномен на Македонецот: Трпе, Трајче, Мирче … Секако, за сето ова треба вечно да им блогодариме на “Курто и Мурто“.
Search This Blog
Friday, May 14, 2010
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2010
(239)
-
▼
May
(17)
- Перфидна манипулација на јавното мнение со народни...
- Што се исплати а што не ?
- Ѓувеч Македонски, Македонска крем супа од зеленчук...
- Нова Македонија по третпат ми здипли фотка
- Со што се бави ВмроДпмне … Доктрина/вредности на В...
- Македонците немаат доверба во своите политичари … ...
- Како да завршиш работа во државните служби (соција...
- Јавна тајна … табу … мистика … мистерии
- Задушница и Духови … (репринт)
- Чистење на Скопје обврска или … од денеска ке почн...
- Хашки “туризам“ …
- Антички статуи во Грција се продават за ДЕСЕТ мили...
- Пчиња повторно се излеа
- Гранд Хотел Македонија Скопје повторно на старата ...
- Сликање … Трпе, Трајче, Мирче …
- Како понатака ?!
- ЗБОГУМ НАЈСАКАНА, СЛАВИЦА (ЦАЦИ) ДИМИТРИЈЕВИЌ 1954...
-
▼
May
(17)
No comments:
Post a Comment