- Главата горе – живеј го животот
- Главата горе – среќно и берикетно
- Македонија знае – преродбата продолжува
- Македонија има сила
- Заедно можеме повеќе
- Резултати сега
- Имате право
- 110 години ВмроДпмне
- Вербата во бога како висок приоритет Повеќе »....
Постов ке го посветам со анализа на она со што се бави ВмроДпмне на својот сајт:
- На хедерот на сајтот домиира современиот брз воз. Вистина е дека ВмроДпмне ги згази своите главни политички противици на последните четири избори (два парламентарни, претседателски и локалени избори). Но некако возот како да се движи само во ритамот на изборните кампањи – не престана од него да излегуваат силни ветувања. Иако било кои избори се бајаги далеку, возот на ВмроДпмне е во перманентна изборна кампања. Веќе сите почнаа да ги гасат телевизорите кога ке искочи некоја стара или нова кампања каде се ветува се и сешто и она што е возможно и она што е невозможно и нереално … Брзиот воз наместо да не носи во ЕУ и НАТО стои на спореден колосек веќе долго време, во сите досегашни четири години на владеење на ВмроДпмне. Кривците за тоа стоење никако не се бараат во редовите на актуелната власт т.е. во раководството на ВмроДпмне – се разбира криви се непријателите особено оние странските (пред се грчките апетити и нереални барања и ку*винската политика на ЕУ членките) и домашните предавници и издајници, особено оние кои го продаваат името и идентитетот …
- Главните вести во сајтот се однесуваат на работа на владините министерства и нивното успешно работење. Фали ме усто за да не те расчепам е принципот. Критика и самокритика не се приметува.
- Пароли/Пораки – 1. Главата горе – живеј го животот … би требало да се однесува на секој граѓанин на Македониа. Констатација е дека некои се со главата горе а некои со главите во контејнерите. 2. Главата горе – среќно и берикетно … вербата е во среќата. Прашање е дали треба да се ослонуваме на среќата. 3. Македонија знае – преродбата продолжува, позната парола од програмата на ВмроДпмне. Би рекол само во корист на малкумина е преродба – тоа веројатно до сега за овие четири години ни стана јасно. Магарињата кои ги товареа на почетокот сега се претворија во бесни џипови кои фрчат по патиштата низ Македонија. 4. Македонија има сила. Спортска парола има сила но нема резултати. Зошто? 5. Заедно можеме повеќе. Надоврзана парола на оваа би требала да биде „И по Тито Грујо“. 6. Резултати сега. Е сега де – каде се?? 7. Имате право – бидејки има моливи веројатно се однесува на оние кои гласаат за ВмроДпмне. … … ако ги додадеме сите пораки пароли и кампањи кои се водеа во последните четири години на актуелната власт во Македонија ке треба цел роман да испишеме. Прекраток е просторот да се бавиме со сите нив. Мене најомилеа/неомилена ми е пораката која секојпат доаѓа на крај „Проект на Владата на Македонија“ – а чив треба да биде??.
- Незнам од кога е поставен документот на сајтов “Доктрина/вредности на ВмроДпмне“ – јас сега првпат го приметувам овој документ. На 24 страни ни се представува доктрината на ВмроДпмне, каде не убедуваат во многу работи моѓу кои и: РЕАЛЕН ЧОВЕК, НАЦИЈА, ПАЗАР, ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ, КУЛТУРА НА ЗАКОНИТОСТА, СЕМЕЈСТВО, ТРАДИЦИЈА, ВЕРА. Наинтересен е воведот каде се вели: Чекорите што ги прави ВМРО-ДПМНЕ значат крај на петнаесетте години транзиција. Види богати, па ние по тврдење на ВмроДпмне не сме веќе во транзиционен период. А каде сме ??. … … Личната чест и посветеноста, кои ги обединуваат мислата, зборот и делото – се нови вредности на кои се потпира оваа нова доктрина на ВмроДпмне. Посебно сум воодушевен од посветеноста – ова е омилена фраза/флоскула на врвот на ВмроДпмне. … … Економскиот раст, отворањето нови работни места и намалувањето на сиромаштијата се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ. Може ли тука да се пофали Вмро Дпмне за овој четиригодишен период. Економскиот раст е сопрен и имаме стагнација. Нови работни места има само во државните служби. Реалниот сектор го намали обемот на вработеноста. За намалување на сиромаштијата несакам ни да збнорувам. Неа и така не ја гледа раководството на ВмроДпмне. Бидејки работат 24/7 се разбира дека немаат време да видат колку народот е сиромав. … … Слободата и достоинството на човекот – во последно време многу сме ангажирани на нашето достоинство, само со достоинство сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ. … … Енергичност и заеднички напори, посветеност и одговорност – убави флоскули … … Главното и најстарото барање во политиката – да се има добар живот во заедницата. – како за кого, некои добро си ги товарат магарињата/џиповите де, а останатите се само овци за шишање … … Сите горни флоскули заедно со обезбедување на слободата преку конзервативните принципи се “реални“ ветувања на ВмроДпмне. – така тврдат самите де … … Слободата да мисли и да се изразува, да може слободно да се движи, да се здружува, да работи и стопанисува. … … Европа е цел и предизвик за чекорење напред. … … одржлив развој … … ВМРО-ДПМНЕ е партија на отвореност кон другото, поинаквото мислење. – ова мора да го урамиме на блогерајот … … Главната потпора се верата, семејството, традицијата и сопственоста. … … Дали треба да се редeфинира нацијата во светлината на идното членство на Македонија во европските и евроантлантските структури? … …
- Со самото тоа што важно место имаат линкови до ЕУ и НАТО – може да сметаме дека тие две институции се врвен приоритет за ВмроДпмне, приоритет кој засега е само пуста желба. Во поново време одалеку се сугерира дека не ни е местото во овие меѓународни организации – но не се дава алтернатива.
- Програмата на ВмроДпмне за преродба 2008-2012 – заслужува посебен пост, т.е. заслужува да се одбележи што од неа ВмроДпмне има остварено а што е сеуште само пуста желба и неостварено изборно ветување.
- Се чини дека полека ВмроДпмне се успива на ловориките на власта и сеуште смета дека цветаат рози за граѓаните на Македонија. Што порано се освести и ја согледа реалноста загубата на следните избори ке биде помала.
- ВмроДпмне се потешко наоѓа кривци за слабите резултати на Македонија во туѓите редови т.е. во редовите на противничките партии. Одавно ја имаат апсолутната власт во свои раце (четири години по ред) и редно е да покажат дека знаат и имаат сила да ја пребродат кризата и ние обичниот народ да почуствуваме подобрување. Ако такво подоброување за квалитетот на животот на малиот човек не се случи – на наредните избори власта на ВмроДпмне ке биде изгубена. Џабе ке биде и новата Доктрина/вредности на ВмроДпмне.
2 comments:
A koj ke dobie na slednive izbori,sto mislis ......branko,tito,andov,makraduli ...... koj be batka,koj? a? ... sve e toa gola voda i "kompromisno" .... ti teknuva:)))
Пропущено порядком запятых, однако на интересность сообщения это казаться не повлияло
Post a Comment