Постојат повеќе поими поврзани со изразот тајна:
- Света тајна, поврзана е со христијанското учење за седумте свети тајни: Крштение, Миропомазанието, Светата Евхаристија – односно Причеста, Покајание, Свештенството, Бракот, Елеосвештенството;
- Тајана Вечера
- Слатка тајна, тајна љубов, тајна врска, тајна венчавка, таен живот, тајна за долг живот, таен идентитет, таен дневник, таен живот, тајна игра, таен идентитет, тајна на успехот, тајна книга, жените и децата не чуваат тајна, … поими поврзани со тајната и личноста …
- Тајна задача, тајна дипломатија, тајна историја, тајна коалиција, тајна врата, тајна формула, … Воена тајна, тајна база, тајна полиција, тајна операција, тајна задача, тајна акција, таен агент, тајни оружја, врвна (топ) државна тајна
… Деловна Тајна, банкарската тајна, тајна шифра … поими за тајна поврзани со општествениот живот - Изгубена/откриена тајна – кога тајната веќе не е тајна …
Еве неколку јавни тајни за нашата држава актуелни во моментот:
- Јавна тајна е дека се фризираат резултатите од статистиките на државните служби и финасиските резултати на успехот т.е. неуспехот во работењето. Не е тајна дека истото го правеа сите досегашни власти во транзициона Македонија … Проблемот ке се самооткрие во оној момент кога долгот (јавниот) ке биде поголем од можноста народот да го плати – пример каков имаме сега во Грција …
- Јавна тајна е дека МК приватизација е изведена неправично. Шака на луѓе го искористија моментот (јас ги нарекувам транзициони профитери кои кога тогаш ке одговараат …) и со измама покриена со закон станаа доминантни сопственици на МК национално богатство … Јавна тајна е дека тој “легален“ транзиционен процес на промена на сопственоста сеуште трае … Јавна тајна е дека сите досегашни власти се омрсија од колачот на лесната транзиона промена на титуларот на сопственоста …
- Јавна тајна е дека се местат тендери на сите нивоа … во целиот транзиционен период …
- Јавна тајна е дека поголемите партии се штитат меѓу себе т.е. кога ке дојдат на власт не ги напаѓаат клучните луѓе на спротивната поразена партија …
- Јавна тајна е дека се фризира вистината за јавниот и политичкиот живот во Македонија. За власта е се мед и млеко додека е таа на власт. Се убедува народот дека живеат подобро од порано … Се даваат празни лажни ветувања додека се избори …
- Јавна тајна е дека се наоѓаат секакви начини како да се местат изборите преку легални и нелегални средства … Легално не се дозволува промена на начинот на изборите … нелегално се вршат разни начини како преку изборните списоци и други изборни махинации да се стигне до саканиот изборен резултат … Партиите на власт секојпат се трудат да има што помала излезност … Поголемите партии го преферираат изборниот модел каде се разбиваат помалите/новите партии …
- Јавна тајна е дека странските фактори ја кројат политиката во државата – се разбира водени од своите глобални интереси …
- Јавна тајна е дека под превезите на зачувување на името и на националниот идентитет е добиена власта на два последователни избори ... но сепак се преговара со држава која ни го загрозува идентитетот ...
- Јавна тајна се и многу други работи, кои наизглед се поситни но пред народот се представуваат како да може така да се случуваат … Примери има многу кога државата на пример не убедува дека некој може да се самоубие во кофа со вода, … дека некој кој е во државен затвор толку лесно може да се “самоубие“ (Рушити како еден од последните примери) …
No comments:
Post a Comment