Search This Blog

Wednesday, May 19, 2010

Хашки “туризам“ …

Ва хашкиот случај на брат Лубе и брат Јохан се изнагледавме на неброени случаи на злоупотреба на нивната хашка мака во разни политички цели. Се билдаше рејтингот на актуелната власт но и на минатата. Сите актуелни премиери, министри поврзани и неповрзани со случајот во икс пати ги посетија МК бранители во Хаг. За брат Љубе беше пратен специјален авион/владиниот да се врати од Хаг. Премиерот лично го дочека на ајродром. За пресудата тогаш како и сега се организираше специјален авион со подржувачи (“хашки туристи“).       Повеќе ».....


За жал во случајот на брат Јохан не помогна сето залагање на луѓето кои го подржаваа, ниту ангажманите на адвокатите домашни и странски. Ке остане во сеќаване само авионот од 13о туристи кои беа да ја слушнат лошата вест – за потврда на пресудата на брат Јохан. Колку ми е мене познато хашката пресуда каква ке биде секојпат предходно се знаела/дознавала. Ке престане ли прибирањето на политички поени на маката на единствениот хашки затвореник, ке престане ли специјалниот “хашки туризам“ – тешко.

2 comments:

Anonymous said...

Прво, не се вели “ајродром“ туку “аеродром“.
Јохан е во Хаг. Не се појави наеднаш во Хаг, сеуште не постои телепортација, некој таму го одвлечка.
Првите неколку години беше препуштен сам на себе. Во 2006 почна државата да се грижи за неговата одбрана, што е сосема во ред, бидејќи делата за кои го товарат наводно ги направил бранејќи ја. Значи, ред е државата да возврати пропорционално. Кој те брани тебе - и ти го браниш. Оттука, не разбирам откаде ти надојде сарказмот и цинизмот околу “хашкиот туризам“. Во ред е да не сакаш некој политичар, ама Јохан не е политичар. Токму политичарот го ослободија за да може да се бави со политика и да си биде колега со Командант Лека, Командант Гзим Острени енд компани, за кои, патем, ти не напиша баш ништо (се трудиш да не ги нарушиш меѓуетничките односи или просто немаш јајца да се чепкаш со нив ?).
Е па Јохан не е со нив, а ти си, потсмевајќи им се на поддржувачите на Јохан сам се ставаш на иста страна со “командантите“. Таквите како Јохан ја ставаа својата глава во торба. Додека имаше и такви кои размислуваа само каде да се сокријат од можниот повик за мобилизација. Немој да им се потсмеваш на оние кои го ризикувале животот поради мене и тебе.
Потсмевај им се на “командантите“. Најпосле, наводниот престап на Јохан е реакција на употреба на мини (10-тина наши војници погинаа а уште многумина останаа сакати без раце и нозе), а мините се забранети со меѓународни конвенции.
Да скратам: ти значи бираш да им се потсмеваш на поддржувачите и соборците на Јохан и бранителите (овде морам да нагласам:јас правам разлика помеѓу бранители и партијата на влст) а да не им се потсмеваш на УЧК-ите.
Еве нема да те наречам предавник. Нема да го употребам тој збор. Кажи само, како би сакал да бидеш наречен ? Зошто не им се потсмеваш на УЧК ?

Photo Volan said...

За анонимусот кој не разбра што е темата на постот - еве неколку линкови на мои постови за „славната УЧК“ (инаку истите со кои сега владата е во коалиција илако се заколна дека нема да влегува во дил со нив):

- Референдум на Албанците за одцепување од Македонија
http://volanskopje.blogspot.com/2006/07/blog-post_24.html
- Колку држави на Албанците може да има ...
http://volanskopje.blogspot.com/2008/02/blog-post_177.html
- Кантонизација и федерализација на Македонија ... КАДЕ ОДИШ МАКЕДОНИЈО - втор дел ...
http://volanskopje.blogspot.com/2009/02/blog-post_4363.html
- Балканските национализми и ЕУ перспективите ... Балканизација на ЕУ - или европеизација на балканот ...
http://volanskopje.blogspot.com/2008/12/blog-post_25.html
- Албанизација на делови од ЈУ
http://volanskopje.blogspot.com/2006/07/blog-post_27.html
- ВОЈНА ВО КОСОВО - ке има ли нова ... како сето тоа започна ...
http://volanskopje.blogspot.com/2007/02/blog-post_07.html
- Фактурите на ДУИ и ДПА ...
http://volanskopje.blogspot.com/2008/05/blog-post_1188.html
- ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ ... Ethnic cleansing
http://volanskopje.blogspot.com/2007/05/ethnic-cleansing_28.html
- Албанија и Косово буткаат - Мини шенген-зона ... „АЛМАКОС“(Албанија, Македонија, Косово) ...
http://volanskopje.blogspot.com/2009/01/blog-post_12.html
-АЛБАНСКА КАУЗА
http://volanskopje.blogspot.com/2007/03/blog-post_117319646311208323.html

Blog Archive

Site Meter