Од последните десетина постови а и од порано веќе свативте дека искинав неколку рала чевли “шетајки“ од клиника до клинида во придружба на болни. Во повеќето случаи болните се лечат во повеќе клиники и има потреба од интерен транспорт. За жал но и за срам на Владата и особено на Министерството т.е. Фондот за здравство во главните клиники каде што се најтешките болни не се проблем само лебарките и бубашвабите (а ги има во сите клиники), не се проблем само недостатокот на средства за лекови и поправка на дотраената опрема и санитарни јазли. Еден од најжалосните проблеми е недостаток на инвалидски колички за транспорт на болниците од клиника до клиника, од кревет до тоалет.
Повеќе ».....
Еве како подетално избледа работата:
- На Хематологија на двата спрата има вкупно три колички (производство 49-та) …
- На Онкологија т.е. Радиотерапија има 5 колички. Една е нова и се наоѓа во интензивна нега. Една е пристојна и уште три има на самот влез. Производство 65-та. Едната е со скршена страница, едната е со дупната гума а на едната нема ногарки …
- На Нефрологија таму каде се прави дијализа има 4 колички. Само една личи на нешто. Останатите се производство од 68-ма …
- Како е по другите болници нека истражи новинар …
Една количка не верувам дека кошта повеќе од сто евра. Во секоја болница од западниот свет болниот штом стапне во болница го седнуваат во количка и се додека не излезе преку врата не му даваат ни два корака да направи. Со овие десетина инвалидски колички на овие три клиники е жив ужас. Е да, башка улиците од клиника до клиника се со огромни дупки, нема шанса да ги одминеш …
Аман Груевски потроши десетина иљади евра и купи колички за болниците … ако не ми веруваш на зборот дојди кога сакаш во овие болници и увери се сам.
No comments:
Post a Comment