Груевски со својот тим состави програма од сто чекора и тргна во освојување на власта, претхосдно консолидирајки го послушното гласачко тело на десницата, враќајки во своите редови многуте од човек партиите со ВМРО-вски предзнак. Вети дека ке спроведува економски реформи кои ке ги болат сите но по крајот на мандатот сите ке почуствуваат напредок. Вети дека нема да попушти на националните линиии ниту на загрозеното име и идентитет. Вети и со иста програма доби два избора. Првиот пат благодарејки на одметникот во редовите на СДСМ Тито Петковски, кој беше повреден дека не стана кандидат за Претседател на Македонија на местото на Црвенковски - се одметна од СДСМ и стана пета колона која ја ослаби социолдемократската цврста компонента. До тогаш и двете големи политички партии имаа стабилно гласачко тело меѓу 20 до 25 проценти. Во вторите избори Груевски го шутна Тито Петковски и тој како стар лисец повторно се враќа кон изворите на неговата Социјал демократска опција.
Но да се вратам на насловот. Груевски ја доби власта, вториот пат убедливо ја порази опозицијата предводена од дезорјентираната СДСМ која се мачеше да најде нов лидер и луташе, правеше грешни изборни програми и потези. Којцнае дали воопшто имаа програм, бидејки Груевски навлезе во нивната идеологија и присвои дел од левичарските компоненти. Опозицијата ветуваше брзо опоравување со брзото решавање на прашањето за името кои историски гледано сами го створија. Сите карти ги фрлија во брзата НАТО и ЕУ интеграција. Груевски троши вече четврта година од власта и сеуште се однесува како да е опозиција на СДСМ. Го инструира членството и медиумите да бараат кривец за денешницата во минатите влади на СДСМ и истрошениот Црвенковски (кој никако да свати дека е истрошен и дека нема што ново да понуди и како таков е идеалено слаб политички пративник на Груевски, кој рабвоти на картата со блискост на медиумите и излегува само на договорени интервјуа ...)
- Груевски појде во полнење на буџетот до даска и негово трошење на изборните ветувања, од типот на воведување на нови празници, нова идеологија блиска до конзервативизмот и приближување кон Црквата и воопшто верските заедници.
- До толку се заборави во сето тоа што после четири години не помери ни јота во бројот на невработените, и сепоголемата сиромаштија, осем ако не почнеме да веруваме во бројките на државниот завод за статистика кој упорно на сета криза излегува со бројки дека се намалил бројот на невработените.
- Воведе строга контрола во државната администрација и јавните претпријатија кои ги претвори во партијска машинерија за поплнење на буџетот на партијата на власт.
- Лесно се договара со албанскиот коалиционен партнер за поделба на тендерите и влијанијата.
- Полнејки го буџетот тотално го уништи малото стопанство и го осиромаши народот до крај.
- Од обрзованието направи само обид за реформи одејки во правец на кобожемска реформа на образованието преку фаворизивање на десетина факултети и нови универзитети со државен капитал, коои продуцираат само непотребни кадри кои никаде нема да најдат работа. Бесплатни учебници и обавесно средно образование се семао флоскули, кои паѓаат во вода кога ке се погледаат вистинските услови во кои се спроведува образовниот процес. Компјутеризацијата во образование ја упропасти со закаснетата обука на кадрите кои дотогаш бегаа од компјутерите како ѓаволот од темјан.
- Судството тотално го партизира преку таканаречените судски реформи. Останува под капа да го стави само Уставниот суд.
- Полицијата се подразбира. Секоја нова власт прво става рака на полицијата. Фрли огромна пара во државната безбедност која тотално ја прочисти од старите кадери. Полицијата спроведува современ ОРВЕЛОВСКИ концепт(се` гледа, се` слуша). Во редовната полиција ги пензионира повеќето од стариот кадар со што направи уште поголем притисок врз пензискиот фонд.
- Во здравството само ветуваше и се вртеше меѓу големите ветувања и голата стварност, за на крај здравството да покажува знаци на издишан балон кој немоше да издржи терет на зголемените плати на лекарите и зголемувањето на бројот на вработените, особено во здравствената администрација.
- Социјалата стана само делење на сиромаштијата. Иљада денеари помош за социјалец е како да не си му дал помош ...
- Странските инвестиции издишаа под притисокот на светката економска криза. Се отвараат само нови празни ливади во форма на нови економски зони ... се` се тоа само издишани балони кои се пуштаат во воздухот за да ја матат маглата на незнаењето како да се решат економските проблеми на народот, кој е препуштен сам на себе да се саноѓа како знае и умее.
- Земјоделието се удави во големите ветувања за помош која никако да пристигне таму каде највеќе треба ...
- Никој веќе не ветува нови вработувања, демек тоа не е нивна работа во новиот политичко економски систем.
Фигуративно кажано ни треба некој наш Лех Валенса.
1 comment:
Sorry for my bad english. Thank you so much for your good post. Your post helped me in my college assignment, If you can provide me more details please email me.
Post a Comment