
Ме разочара сликата која ја видов во матичната служба во Старо Нагоричане, која сега е во надлежност на Министерството за правда. Работат само во понеделник. Матичарот работи во просторија без електрична енергија, куца изводи на машина за пишување набавена во 65-та. Во просторот нема ни греење. Нема ниту санитарен јазол. Се разочарав тотално. Слична ситуација ме пречека и во матичната служба во Ѓорче Петров и таму во мизерни услови матичарите работат со машини за куцање од седумдесетите. Читам дека Министерот за Правосудство се фали дека сега судовите работат се` со компјутери (со кредитна линија се разбира) и не ми се верува дека изводите од матичните книги сеуште се куцаат на машини за пишување од средината на минатиот век - музејски експонати.
Во ПИОМ ги предадов бараните документи за да ја откажам пензијата од мајками. Не ми дсадоа никаква потврда за тоа иако ненавременото пријавување носи голема казна. Се разбира барав потврда за предадени документи но не добив, таква била практиката ?!
Во кој век живееме кога изводите од матичните книги се куцаат на машини за пишување со датум на производство од средината на минатиот век а државата ни се фали во светот дека е земја на информатичари и дека е тотално покриена со интернет мрежа ?!
Да додадам дека оние кои се родени во Скопје за Извод од матична книга на родени чекаат 15 работни дена. Која мизерија и бавност на администрацијата.
No comments:
Post a Comment