Search This Blog

Friday, March 26, 2010

Инфузија

http://www.alpikor.org/wp-content/uploads/2007/08/52.jpg
Веројатно не постои човек кој немал потреба да прими инфузија (раствор на вода сол и други додатоци) поради исцрпеност или друга причина која предизвикала анемија и малаксалост. Во случајот на нашето здравство инфузијата осем ако не се дава клинички се смета дека треба сам да си ја плати пациентот, без разлика дали е здравствен осигуреник. Инфузија може да препише и матичен лекарт, може да ја даде и во неговата ординација но пациентот мора се` да плати.      Повеќе ».....

Во блиско минато на двапати имав потреба да побарам да се даде инфузија на мои блиски надвор од клиничка установа и во двата случаја морав да ја платам целосно. Еднаш повикав домашна посета која препиша инфузија но морав предходно да ја купам приватно за да ја дадат. Вторпат на преглед кај матичен поради исцрпеност и анемија матичниот даде инфузија во неговите просториии и повтроно морав да ја платам целата инфузија сосе услугата на матичниот. Цената е 800 денари. Партиципација за една единица крв е 450 денари. Испаѓа дека засолената вода која е главна состојка на инфузијата е поскапа од една единица крв која е бесценета. Најчесто на пациент се даваат минимум две единици крв, што представува 900 денари партиципација.

Не е ни чудо што целото здравство деновиве мора да оди на ифузија од шокот кој е предизвикан од намалувањето на буџетот на здравството преку новата реформа која директно ја загрозува предходната “реформа“. Имено се намалуват платите во здравството и се намалува капитацијата за пациент кај матичниот лекар. Намалувањето е за цирка 10 проценти. Милионските инвестиции во здравството паднаа во вода/магла. Здравството е погодено од лебарки и бубашваби по здравствените ходници (самиот во предходните два месеца војував со нив по здравствените ходници и во собите кај пациентите). Ке се кратат економските директори и членовите на управните одбори а веројатно пак ке се централизира клиничкиот центар. Реорганизација на реорганизацијата т.е. пресипување од шупло во празно.

Толку од реформите во здравство, во кое во блиското минато имаше само шминкерски и воаерски потези, како оној за камерите и електронската здравствена картичка. Здравство без пари не бива. Здравство каде се штеди на превентивата пак нема да го биде. Државното здравство во кое најквалитетните лекари (поради повисоки плати) бегаат во приватните клиники ке се распадне. Здравство во кое помошното особје е со плата од 8.000 денари и нерешен статус на вработување пак не го бива. Здравство кое ги лечи само своите и нашите - не ни е потребно. Ич да не муабетам дека ако појде болен во клинички еден член од фамилијата треба да дежура на разните клинички шалтери и да се бафта со болничката администрација, да купува она што моментално фали на болничките рфтови. Лекарите уште ги пишуваат мислењата ма машини за куцање од средината на минатиот век ... Лабараториите не се поврзани електронски со клиниките. Целата евиденција не е електронска - уште сме робови на дебелите тефтери и покрај толку фалената компјутеризација на администрацијата. Интернет е мислена именка за лекарите кога се на клиника...

No comments:

Blog Archive

Site Meter