Сите ние имаме личен код (идентитет) кој го стекнуваме и го надградуваме секојдневно додека сме во оваа форма на човечки живот. Го добиваме како наследство преку гените кои допринесуваат да имаме некоји делови од физичкиот лик на нашите предци. Мешањето на крвта допринесува да се составаат нов микс на гените. Многумина велат дека и кодот на нашата душа е пренесен од гените на нашите предци. Веројатно има и вакви истражувања.
По мене кодот на нашата душа се надоградува во секој ден од нажиот живот. Највеќе го примаме преку нашите родители, особено мајката која е прва од која го почнувме процесот на учење имитирајки ја. Родителите си ги препознаваме и по нивните мириси, им веруваме и затоа највеќе учиме од нив. Следните учители на нашата душа се најблиските членови од фамилијата, особено некои кои по одбир на нашата душа имаат посебно значение во оформувањето на нашата свест и начинот на расудување. Повеќе ...
Следни на ред кои учествуваат во нашиот душевен и умствен код се другарите и пријателите, народски улицата. Нив највеќе можеме да ги избираме. Понатака следува образовниот систем кој е професионално задолжен да го оформува кодот на нашата душа. Следни се луѓето од опкружувањето во нашиот професионален ангажман.
По мајката таткото и блискиот фамилјарен род во оформување на кодот на нашите души “највиновни“ се брачните т.е. интимните партнери. Особено брачните бидејки со нив имаме доживотен договор за блиско пријателство, ги делиме судбините, доброто и злото, со нив ги имаме нашите деца, со нив сме учесници во оформување на новите души во ликот на нашите деца.
Често заради сплет на околности во фамилијата имаме деца кои се донесени од предходни бракови или деца кои се посвоени. Ако некој не им каже на децата дека тие не се нивни тие никојпат не би направеле разлика и највеќето од нив на потполно ист начин ги почитуваат создавачите на нивниот културен код (идентитет). Скоро да е вообичаено децата во такви мешани фамилии да немаат посебен однос према родениот брат или сестра или према полубраќата т.е. полусестрите. Најчесто и со родителите кои те посвоиле или „дочувале“ (народски кажано) нема голема разлика, особено ако немаш сеќавање за твојот биолошки родител. Ова докажува дека кодот на нашата душа не зависи толку многу од нашите гени, туку зависи од интеракцијата со најблиските околу тебе а највеќе зави од оној кој тие е најблиску во фамилијата. Секако за парче од нашиот душевен код треба да сме благодарни на нашите другари на школото и школскиот систем, на книгите кои ги читаме, филмовите кои ги гледаме.
За крај и виртуелните интернет пријатели кои најчесто никојпат нема лично да ги запознаеме, се заслужни за нашиот личен душевен/духовен код.
Инспирација за овој пост најдов тука, поточно во прашањето Дали мислите дека секогаш фамилијата има врска со кодот, или тоа понекогаш е и љубовта?
Search This Blog
Thursday, March 11, 2010
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2010
(239)
-
▼
March
(9)
- Ке ни тргне ли ?? ... Кога ке ни тргне ?! ... Ни т...
- Блогерска иницијатива - Обновениот стар театар во...
- Инфузија
- Личен код (идентитет), кодот на нашата душа
- Во спомен на таткоми Воислав (Војо) Димитријевиќ
- Изводи од матични книги
- На сон ми доаѓа
- Цвеќе за нашата НАНЕ
- Брат/сестра брата/сестра не рани – тешко кој го/ја...
-
▼
March
(9)
1 comment:
прочетете целия блог, доста добър
Post a Comment