Search This Blog

Saturday, September 11, 2010

Ти ветив …

Ветив дека ке се грижам за децата
Едното е пред одбрана на магистерскиот
Другото веќе сви свое гнездо

Ветив дека ке поправам
се што беше расипано
во нашето гнездо ...

Ги залепив плочките во купатилото
оние што паднаа
Ги залепив плочките во ходникот
оние што без причина се одлепија

Го поправив светлото во ходникот
ставив нов тастер за звончето

Поправив се што беше расипано во кујната
ги наместив вратичките

Ја офарбав целата дрвенарија
и парното

Го поправив нашето гнездо
за да го напуштам ...

Посветено на ЦАЦИ

4 comments:

Најче said...

Многу, многу сочуство од Најче. Се воодушевувам на твојата љубов и на начинот на кој го одржуваш споменот.

izbegan said...

се кладам дека сеа цаци сеа седи на некој облак и гордо кажуе-ете го мојот маж, оној шо ги испунуе сите ветувања кои ми ги даде...
шо и да ти кажам е глупо и нема да ја врати љубовта на твојот живот, затоа само ќе кажам дека била среќна што имала некој кој толку многу ја сакал...

Unknown said...

Boze kolku e tazno, podobro se da ostanalo taka nenapraveno, sama vasata sakana da bila ziva:(((((

Anonymous said...

Nekogas koga ni se rushi sve vrz glava kolku i da vetuvame deka ke popravime nikogas nemozime da ja zalepime plockata kako sto bila sostavena od ljubov sega samo od Vetuvanje .. Bolkata ne se menuva kolku i da vetuvah zacuvajte gi site spomeni vo vasheto srce samo tamu dushata e spokojna i sostavena od krshot koj nastanal ..Sekoj pishan zbor vredi poveke od spomen..Pocit kon Pokojnata

Blog Archive

Site Meter