Сегашнава власт добро ја има научена оваа карактерна особина на МК гласач и последните години додека е на власт стрпливо гради стратегија на работа во своето гласачко тело и го дисциплинира да излезе во целиот свој број, оние стандардни 20 до 25 проценти кои гласаат за десницата и ВМРО-ДПМНЕ. Бидејки повеќе од половина од гласачкото тело не излегува на гласање, апстинира, послушните гласачки тела на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија досега апсолутно владееа со Маскедонија иако никојпат немале подршка на повеќе од половината на гласачкото тело на пример. Обезличена е левицата и десницата и не се знае која партија е лева а која десна. Леввата домнинантна партија СДСМ има карактеристики во највисоката партијска струтура на типична десница - додека владеела со македонија носела типишно десни закони. Десната доминатна партија ВМРО-ДПМНЕ владее во својот перод со типично леви мерки, со централизам и популизам, со градење на култ кон личноста ...
Во најновите случувања околу предвремените избори иако со толакав број на сиромаштија и невработеност, карактеристични само за афричките држави - сеуште не се појавува критична маса која преку улична демократија ке ги собори и на избори порази двете партии кои царуваат со МАКЕДОНСКАТА ТРАНЗИЦИЈА. Курто и Мурто досега само ги менуваа позициите, едни седат во власта а други чекаат на „сјаше Курто и узјаше Мурто“ ...
Сето ова е овозможено со меѓусебно договорениот изборен модел каде со изборниот закон е предвиден висок праг на добиени гласови за некоја партија за да таа влезе во власта, со што се сечат сите помали партии без разлика колкав е нивниот потенцијал и со ОКУПИРАЊЕ НА МЕДИУМСКИОТ ПРОСТОР на овие две партии ... Поголемите партии во меѓувреме ги всисуваат помалите во таканаречени Големи коалиции ...
Да не заборавам да ја кажам сегашната поента на овој пост. Слушам овие денови „предизборни дебати“ на кои опзицијата (левицата која е се` само не левица ...) смета на сиромашните, невработените и незадоволните земјоделци и очекува дека ке ги китат нивните митинзи на незадоволство, каде се обидуваат да ја делегитимираат власта. Власта пак од друга страна ладно смета на Македонскиот синдром кој го опишав во првите редови : Наведната глава никој не ја сече. Мирољубивост. Синдром на Мирче, Трпче, Трајче ... Власта вели најотворено дека иако ги знаат бројките на незадоволните, сиромашните и невработените не очекуваат поголеми немири поради познатиот синдром на Македонецот да е послушен иако не му е добро, иако е сиромашен и невработен ...
Сегашната власт овој петгодисен период на власта го искористи да изгради друг мит, да се гордееш со тоа што си Македонец особено со славната историја на Античка Македонија и Војсководецот Александар Македонски ... Сиве овие пет години власта ги добива изборите на тврдата линија на национализмот и патриотизмот. Толку многу пари од живите Македонци се потрошија на славните мртви Македонци ... До кога сето ова живите македонци ке го издржат. Власта не директно, но индиретктно секојпат вели ако не ти се бендисува тука ОДИ СИ ... Оние паметните си го бараат чарето и си одат. Неколку пати пишував за иселеништвото и иселеничките бранови ...
Има ли чаре за сето ова ???
Ни треба некој наш Лех Валенса ... се додека не се појави, ке биде така како што ке кажат моќните структури на двете партии (Курто и Мурто).
- “Државните кучиња“ удрија по народот - државата си го бара “своето“ ... Мирче, Трпче, Трајче се на потег ...
- Трајче и ЕУ
- Сликање … Трпе, Трајче, Мирче …
- Држава по мерка на богатите и моќните ... транзицијата продолжува
- Чиштилиште за малото стопанство – 4600 фирми блокирани од УЈП, припремени решенија за блокада на уште 6.500 …
- Буџетот во 2010 ке продолжи да го јаде приватниот сектор и заштедите на граѓаните …
- Пирамидално државно задолжување ?
- Груевски и ВмроДпмне владеат апсолутно со само 25 проценти од гласачкото тело ... Поделба на изборн.колач меѓу Курто и Мурто ...
- Лет во место на политичките и економските процеси во МК ... Градиме - разградувајки, стооејки во место, враќајки се наназад ...
- Личен стечај … Држава по мерка на богатите и моќните … транзицијата продолжува
- Самовработување – економски и психолошки аспекти …
- Еден ден “магарето(народот) што власта го учи да не јаде“ – ке мора да цркне … или
- “КУРТО и МУРТО“
- Оној ден кога Курто и Мурто ке се договорат да и тргне на Македонија а не на нив ... ке ни тргне со страшно брзи чекори ...
- Македонија е трева на која се играат/газат слоновите ... Овците се интересни/одлучуваат само на избори ...
No comments:
Post a Comment