Трајче е сега веќе средновечен маж. Транзицијата ја започна женејки се со Трпана. Трајче е горделив Македононец и непоправлив борец за Македонизмот. Името на државата и на нацијата му значат се, особено се грижи да не го изгуби Националниот идентитет. Тој е во првите редови кога треба да се брани името и идентитот.
Но Трајче на време свати некои работи. За да може непречено да шета по ЕУ уште пред десет годии аплицираше за Бугарски пасош. Сега и тој и Трпана заедно со неивните две деца Стојче и Мирче шетааап по ЕУ без никакви проблеми. Две години Трајче работеше во Германија со Бугарскиот пасош. Таму беше успешен водоводџија, трпана шиеше во една шивачница. Се опамети и се врати во Македонија. Партијата го постави за советник во општината а подоцна стана директор на Јавното комунално. Најде работа и за Трпана. Таа е во Јавното Претпријатие за превоз, советник на советникот за давање совети … Стојчеи и мирче веќе пораснаа. Во
Охрид се возат со глисерот на тато … уживаат во транзицијата … џипот одавна почнаа со помош на тато да го возат …
Ке заборавев Трајче, Трпана, Мирче и Стојче се секојпат во првите редови на сите партијакси митинзи, особено на оние на кои се брани националниот идентитет и името … Бугарското државјанство и БГ пасоши се разбира се нивна приватна работа. Тие ги употребуваат одвреме навреме – си ги имаат за секој случај …
На Трајче вистина не му треба ЕУ … тој си ја има веќе обезбедено … паметно си постапувал во животот и правел она што паметните го правеле во неговото време … Ако можеше бившиот ни Премиер, пола министри третина Парламентарци така да прават – зошто тој да не прави …
Во Крушево Трајче секојпат оди со најголемото партијско знаме … се разбира го признава само судот на Партијата и строго го подржува мислењето на Претседателот на Партијата … тоа му е свето како и името и идентитетот …
1 comment:
Жално, но приказната е вистинита!
Post a Comment