Search This Blog

Tuesday, December 19, 2006

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА НУБ

Ке го дочекаме ли ова. Би сакал да биде утре, кога веќе не е направено до вчера ...

Имам многу пријатни спомени од НУБ-Скопје од мојата студенска младост ... таму спремив многу испити ... прочитав многу книги ... запознав нови девојки ... имаше добро кафе во бифето ... многу изложби на книги и графики ... поетски читања ...

Но НУБ - Скопје, каска со дигитализацијата ... сеуште не е дигитализиран ни целиот библиотечен фонд а камоли пооделни книги кои се од значение за Македонската Историја и Националното прашање на Македонија ...

Бугарите и Србите парче направија со аплодирање на старите книги кои се однесуваат за нивната Историја и нивното Национално порашање ... тоа се проекти од стотина иљади евра на годишно ниво а можеби и повеќе ... Ние уште правиме стратегии и чекаме донации ... Видете го само сајтот на МАНУ ... срамота ...

Дневник денеска донесува напис -Модернизирање и електронизирање на библиотечниот трезор во „Св. Климент Охридски“ ... Светските стандарди за чување книги на голема врата во Универзитетска .

Ке се гради ново депо за ретки книги ... Па зарем до сега нема такво ?
Ке се држи чекор со сведското библиотекарство - ок.
Влдата и надлежното министрество даваат подршка и тоа пред се финансиска ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter