Search This Blog

Friday, December 08, 2006

САЈБЕРСЕКС

Сајберсексот велат дека бил во подем ... Искрајно не гледам што може да биде поинтересно од реалниот секс и сум голем противник на таканаречениот сајберсекс ... тоа е застранување ... не е природно ... а се што не е природно не е здраво ...

Ај да видиме како се дефинира Сајберсексот. Во МК википедија - пишува дека:
“... Сајберсексот е последица од масовизирањето на интернетот. Под сајберсекс се подразбира разговор на тема поврзана со сексот (како на пример безобразни муабети, искажување на сексуални мисли и сл.) преку чат програмите. Најекстремни случаи на сајберсекс се случуваат со посредство на веб камера и микрофон.Во денешно време постојат и посебни периферни уреди кои може да се купат и да се прикачат на компјутер и со нив да се симулира сексуален однос, како еден вид на секс играчки...“

Во англиската википедија еве ви само линк тука .

Обично не пишувам постови кои во името на постот содржат поим секс... Тоа за мене е прелично ... преинтимно ... за да го споделам со некого кој не ми е близок ...

Инспирација за постов е денешниот напис во Вест - Холанѓаните се сексаат сами .


1 comment:

Photo Volan said...

Холанѓаните се сексаат сами
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=127981&idg=6&idb=1941&rubrika=Kaleidoskop%20rel=
Веќер-Година: 6 Број:1941 Петок 12/8/2006

** Партнерот е се повеќе непотребен кога станува збор за сексот, ова е ставот на се поголем број Холанѓани кои се решаваат да бидат самци или бараат стимулации преку Интернетот. (Холанѓаниве се ептен извртени изгледа)

** Најновата масовна анкета што го споредува сексуалното однесување денеска со она пред 15 години утврдила дека 60 отсто од двојките денеска имаат секс еднаш неделно или помалку од тоа, а во 1991 година таа бројка била 40 отсто.

** многу луѓе посегнуваат по Интернетот за секс, така што гледаат порнографија или наоѓаат вистински или виртуелни партнери за еротски стимуланс и задоволување.

** "Повеќе секс зад компјутерот, помалку во човечките врски. Мислев дека така стојат работите, но каде води тоа?", прашува аналитичарката Ине Ванвесенбек. Таа утврдила дека 80 отсто од мажите се служат со порнографијата, а две третини тоа го прават најмалку еднаш месечно.

** изненадуваат резултатите дека 40 отсто од жените го прават истото, иако само половината од нив редовно го практикуваат.Колку е пообразована жената, толку повеќе посегнува кон порнографијата.

** ри четвртини од жените мастурбираат, 18 отсто од нив најмалку еднаш неделно, а зголемена е и употребата на сексуални помагала, така што 40 отсто се служат барем со едно.

** само 7 отсто од анкетираните рекле дека имале секс надвор од сериозната врска со партнерот.

Blog Archive

Site Meter