Search This Blog

Thursday, December 21, 2006

ТЕПАЧКА ЗА ЉУБОВ БОЖЈА


Се степаа монаси на Света Гора е краток напис на денешен Дневник.

Мора да признаеме дека е ова чудна случка - невообичаена. Обично од Монаси - господовите искушеници се очекува во мир и изолација - во еден аскетски живот - да се спремаат за патот божји. Но тука се случила секојдневна случка од животот на обичните луѓе ... ако не се сложиме за нешто .... најпрвин да се испокараме ... а неретко да се испотепаме ... па после одмазди ... така и војни настануваат.

Во приказната се работи дека ново братство - една група монаси сакала да изгради свој храм во близина на друго братство ... манастирскиот комплекс „Есфигмен“ ... и во борба за територија - настанала тепачка ... А сето тоа се случува во најсветата гора на светот - на Света гора ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter